Свет
Египетскиот министер за одбрана се соочи со демонстрантите
Египетскиот министер за одбрана, Мохамед Хусеин, денеска за прв пат им се обрати на демонстрантите, кои веќе десет дена бараат оставка од претседателот Хосни Мубарак
„Тој (Мубарак) ви кажа дека нема да се кандидира на следните избори“, им рекол на демонстрантите Мохамед Хусеин, потсетувајќи ги дека египетскиот претседател ветил дека по крајот на мандатот ќе ја напушти власта.„Двете основни барања сеуште не се исполнети, а тоа е укинување на вонредната состојба и заминувањето од власта на Мубарак“, рече актерот Калед Абдалах. Тој додаде дека осветата би била страшна, во случај протестите да престанат.Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од 800 се повредени во протестите во Египет само во средата и четвртокот. Според неофицијалните на Обединетите нации, од почетокот на демонстрациите загинале вкупно 300 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив: „Американски Залив звучи убаво“
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за воена или економска акција како дел од неговата желба САД да ја вратат контролата врз Панамскиот канал и да го преземат Гренланд, најголемиот остров во светот, кој е под данска власт.
Запрашан на прес-конференција за избегнување употреба на воена или економска принуда во Панама и Гренланд, Трамп одговори: „Не, не можам да ве убедам во ниту едно од нив. Но, можам да го кажам ова, ни требаат за економската безбедност“.
Неочекуваната изјава на Трамп доаѓа две недели пред тој повторно да влезе во Белата куќа на 20 јануари. Трамп, исто така, најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Американскиот залив и ги повтори своите ветувања дека ќе воведе тешки царини за Мексико и Канада.
„Зафаќа голема територија. Американски залив звучи убаво“, истакна тој.
Прес-конференцијата на Трамп, негова втора по победата на изборите на 5 ноември, се одржа ден откако Конгресот ја потврди неговата изборна победа.
Свет
Трамп: Членките на НАТО треба да трошат 5 отсто за одбрана
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, во споредба со сегашната цел од два отсто.
„Секој може да си го дозволи тоа, но тие треба да бидат на 5 отсто, а не 2 отсто“, рече тој за време на прес-конференцијата во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида.
„Јас сум тој што ги натера да платат 2 отсто“, продолжи тој.
Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20 јануари, долго време беше критичар на НАТО, тврдејќи дека многу европски членки не сакаат да плаќаат за сопствената одбрана, туку се потпираат на американските даночни обврзници.
Свет
Волстрит журнал: Америка во преговори со Талибанците за размена на затвореници
Администрацијата на Бајден преговара со Авганистан за размена на Американците притворени во земјата за најмалку еден затвореник од висок профил во заливот Гвантанамо, наводно поврзан со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, објави Волстрит журнал.
Претставниците на Белата куќа и Стејт департментот на САД не одговорија веднаш на барањето за коментар за извештајот. Претставниците на авганистанските талибанци, исто така, не реагираа.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден бара враќање на тројцата Американци уапсени во 2022 година – Рајан Корбет, Џорџ Глезман и Махмуд Хабиби – во замена за Мухамед Рахим ал Авгани, објави ВЖ.
Корбет и Хабиби беа приведени во одделни инциденти во август 2022 година, една година откако талибанците го зазедоа Кабул поради хаотичното повлекување на САД. Глезман беше уапсен подоцна во 2022 година додека бил на туристичка посета.
Преговорите се водат од јули, според весникот, кој цитира извори кои присуствувале на доверлив брифинг минатиот месец на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.