Свет
Идентификуван бомбашот од Домодедово
Бомбашот-самоубиец кој уби 36 лица, и рани повеќе од 150, кога активира бомба на московскиот аеродром Домодедово, на 24 јануари, наводно е од Ингушетија на Северен Кaвказ
Повикувајќи се на „добро информиран“ извор, руската новинска агенција Интерфакс, наведува дека властите се на мислење дека атентаторот е 20-годишниот Могамед Евлоев. Руските власти на анализа во Москва испратиле на ДНК анализа, примероци од неговите роднини од селото Али-Јурт.Портпаролот на безбедносните служби, официјални преставници на руското МВР и истражителите, на прашање на AFP, одговориле дека не се во можност да ја потврдат веста. Претходно безбедносните служби информираа дека самоубиствениот напад го извел дваесетгодишник од една од републиките кои се наоѓаат во Северен Кавказ, ненаведувајќи други детали.Веста на Интерфакс се појави откако на итнерент страницата Life News на почетокот на седмицата беше објавена фотографија на Могамед Eвлоев, со коментар дека неговите родители немаат никакви вести за него уште од септември минатата година кога заминал од Краснодар, пренесува АFP.Минатиот петок извори од истражните органи соопштија дека истрагата утврдила оти бомбашот–самоубиец кој ја детонирал експлозивната направа, се врткал низ зоната за пристигнувања околу 15 минути пред да се разнесе себеси. Терористот се измешал во масата луѓе и се преправал дека чека некого цели 15 минути. Човекот левата рака ја чувал во џебот.Владимир Маркин, портпарол на истражната комисија, мината седмица неотркивајќи го идентитето на напаѓачот за кого кажа де е познат за истрагата соопшти дека нападот во аеродромската зграда во Домодедово, бил првенствено насочен против странските државјани. Претходно неименувани извори од руските безбедносни сили изјавија дека човекот кого го бараат е именуван како Виталиј Јурјевич Раздобудко, роден 1978 г. и е жител на провинцијата Ставропол, која се граничи со севернокавкаските провинции, претежно населени со муслимански малцинства, кои не се етнички Руси.Се верува дека Раздобудко е член на „Ногаи Јамаат“, бунтовничка група стационирана во Дагестан, провинција во самото средиште на растечкиот исламистички бунт, кој предизвика две постсоветски сепаратистички војни во соседната Чеченија. Можно е тој да бил организатор на нападот, па дури и самиот напаѓач, велат изворите.„Ногаи Јамаат“, или „Групата Ногаи“ е одговорна за заговорот за бомбашки напади во Москва за Нова година, кој пропадна кога смс порака предвремено ја детонираше бомбата на жената–бомбаш во нејзиниот апартман. Регионот Ногаи се наоѓа во северен дагестан, блиску до Ставропол.„Ногаи Јамаат“, или „Групата Ногаи“ е одговорна за заговорот за бомбашки напади во Москва за Нова година, кој пропадна кога смс порака предвремено ја детонираше бомбата на жената–бомбаш во нејзиниот апартман. Регионот Ногаи се наоѓа во северен Дагестан, блиску до Ставропол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка
Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти. Русија го засили бомбардирањето на енергетската мрежа на Украина.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека работата продолжува во погодените области, велејќи дека ситуацијата „останува исклучително тешка“, особено во пограничните региони.
Зеленски рече дека 200 екипи за итни случаи се на терен и вршат поправки во регионот Киев околу главниот град.
„Немам струја дома околу 55 часа. Па, за да не плачам, само се смеам“, рече Лиза Лазаренко, која престојува во училиште во Киев кое е претворено во хуманитарен центар.
Зеленски претходно рече дека Русија минатата недела испратила 1.100 беспилотни летала, повеќе од 890 наведувани воздушни бомби и повеќе од 50 ракети, вклучувајќи балистички, крстосувачки и со среден дострел, против Украина.
Во петокот, по ракетниот напад врз Киев, речиси целиот град остана без електрична енергија и греење поради суровата зима, а властите дури во недела го вратија снабдувањето со вода и делумно електрична енергија и вода.
Minus fifteen.
This is no longer weather. This is a weapon.Russia struck thermal power plants.
Not the front line. Not the army.
Heat. Light. Survival.Kyiv is dark.
Dnipro is dark.
Odesa is dark.Minus fifteen.
People will die now without bleeding.
From cold rooms. From… pic.twitter.com/8n5PCI0byx— inna shevchenko (@femeninna) January 9, 2026
Зеленски рече дека Русија намерно чекала студеното време да ги влоши работите за украинскиот народ и дека ова е „циничен руски терор, особено против цивилите“.
„Реконструкцијата е во тек. Сепак, ситуацијата со снабдувањето со енергија во главниот град останува многу тешка“, рече градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.
Украинското Министерство за енергетика соопшти дека руските сили повторно го нападнале електроенергетскиот систем на земјата преку ноќ, накратко прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на југоисточните региони Дњепропетровск и Запорожје.
„Не помина ниту еден ден оваа недела без напади врз енергетските објекти и клучната инфраструктура. Вкупно се регистрирани 44 напади“, рече украинската премиерка Јулија Свириденко на Телеграм.
Свет
Германскиот министер за надворешни работи: Иранскиот режим ја изгуби легитимноста
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека иранската влада го изгубила легитимитетот поради бруталното задушување на протестите и исклучувањето на интернетот.
„Луѓето протестираат против овој режим. Режим кој го исклучува интернетот и го ограничува правото на комуникација во суштина го изгубил својот легитимитет. Тие се плашат од сопствените луѓе“, рече Вадефул во видео објавено на Инстаграм.
Тој додаде дека ќе разговара за ситуацијата во Иран со американскиот државен секретар Марко Рубио за време на посетата на Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Америка е „подготвена да им помогне“ на иранските демонстранти, а бројот на убиени лица во протестите низ Иран надмина 500. Протестите влегоа во третата недела, а режимот објави дека „нема да има милост“ кон демонстрантите, кои ги нарекува „бунтовници“.
Свет
Шефицата на Европскиот парламент: Храбри девојки на улиците на Иран, ова е ваше време
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите и покрај жестоката репресија од страна на Исламската Република.
„До храбрите девојки, студенти, мажи и жени на улиците: Ова е ваше време“, напиша Мецола на Икс.
Осврнувајќи се на блокадата на интернет во Иран, таа додаде: „Знајте дека секој режим што ја блокира комуникацијата е режим што се плаши од сопствениот народ“.
The yearning for liberty is inherent to all of us as human beings.
Iran's new generation demand dignity and freedom. In 2026, it cannot be too much to ask for.
The killing must stop. The innocent and persecuted must be released. The repression must end.
To those brave girls,…
— Roberta Metsola (@EP_President) January 11, 2026
„Убивањето мора да престане“
Мецола го повика раководството во Техеран да го промени курсот, нагласувајќи дека достоинството и слободата не се премногу за барање во 2026 година. „Убивањето мора да престане. Невините и прогонуваните мора да бидат ослободени. Репресијата мора да заврши“, напиша таа.
Таа, исто така, ги повика членките на ЕУ да го зголемат притисокот врз Техеран, иако не кажа како треба да се направи тоа, велејќи: „Европа мора да ја разбере својата должност и мора да дејствува“.

