Свет
Вкупно шест загинати во престрелки меѓу Тајланд и Камбоџа
Уште еден тајландски војник загина на тајландски-камбоџанската граница, каде што во саботата наутро се обновени судирите меѓу војските на двете земји кои беа прекинати во петокот, пренесуваат локалните медиуми.
Според официјален претставник на армијата на Талјанд, полковникот Санесен Коекамнет, борбата започнала рано утрото по локално време траела еден час. Полковникот Коекамнет говорејќи во саботата наутро на националната телевизија изјави дека во моментов на владино ниво се водат преговорите за преземање мерки за спречување на судирите. На овие преговори учествувале командантите на воените окрузи на двете земји и командири на областа од регионот каде што се случил инцидентот. Сепак, талјандските медиуми објавија дека во саботата наутро во спорната погранична област се’ уште се слушаат истрели од автоматско оружје и експлозии од гранати.
Во саботата, Камбоџанската армија соопшти дека заробила пет тајландски војници. Полковникот Кеокамнет рече дека станува збор за четворица војници за негираше дека биле заробени, нарекувајжи го „емисари испратен да преговараат со камбоџанската страна за прекин на огнот“ Во петокот, во оваа спорна област четири часа траеше интензивна размена на оган со автоматско оружје, ракетен и артилериски оган. Според некои податоци, кои се објавуваат во медиумите во саботата, за време на судирите загинаа шест лица од двете страни, два талјандски и три камбоџански војника и еден тајландски фармерНа тајландски страна оштетени се најмалку десет згради, вклучувајќи и две административни згради, локално училиште и седум цивилни куќи. Во текот на вечерта од четвртокот и во петокот наутро од областа на судирите на тајландски страна беа евакуирани повеќе од три илјади цивили. На страната на Камбоџа, како што објавија тамошните медиуми, немало цивилни жртви. Камбоџанските власти се’ уште не соопштуваат официјално за жртви. И двете страни меѓусебно се обвинуваат за отпочнување на конфликтот. Чести се престрелките меѓу војските на Тајланд и Камбоџа во регионот каде се протега спорната границата, но досега стануваше збор за краткотрајни пррестрелки без жртви. Тие обично беа надминувани со лична средби на командантите на воените единици кои размениле оган. Во моментов, сепак, односите меѓу Тајланд и Камбоџа се мошне напнати. Територијалниот спор околу земјиштето на кое се наоѓа древниот храм Преа Вихеар (Пхра Вихан) кој е на списокот на светско културно и историско наследство на УНЕСКО, ги доведе двете царства на работ од војна. Во последните неколку седмици, и од двете страни на границата трупаат армиски сили, вклучувајќи и оклопни единици. Судирите на границата се случуваат неколку дена на масовни протести на националистичкото движење „Жолтите кошули“, кои започнаа во Бангкок на 25-ти јануари. Демонстрантите бараат од владата одлучна акција да се „исчисти окупираната од Камбоџа тајландска територија“ која е во рацете на армијата на соседната држава и на доселениците. Тие исто така бараат официјален Бангкок ида го раскине меморандумот за разбирање за демаркацијата на спорните погранични области потпишан со Камбоџа во 2000 г., и инсистираат на повлекување на Тајланд од Комитетот на светското наследство на УНЕСКО. „Жотлтите кошули“ закажаа во сабота масивна акција кампања против владата на премиерот Абхисит Ветчачива. Во петок неговата влада апелираше до лидерите на протестите со барање да ја намали активноста на демонстрации и да не се преземаат какви и да се нелегални дејствија. „Жолтите кошули“ се познати по то а што во 2008 г. за време на масовните протести го заземаа и неколку седмици ја држеа под опсада зградата на владата во Бангкок, а потоа исто така ги запоседнаа меѓународните аеродроми во земјата со што неколку денови го парализираа меѓународниот воздушен сообраќај. Во саботата попладне бројот на демонстрантите во Ратчадамне, историскиот дел од тајландската престолнина остана на подносливо нови од пет илјади луѓе. Талјандската полиција засега нема процена дали демоснтрантите се готват за поаргесивна акција. Медиуми јавуваат дека демоснтрантите на митингот во Бангкок ја осудиле „ агресијата на војската на Камбоџа војската, која нападна тајландска територија“. Територијалниот спор околу древниот Хинду храм на Преа Вихеар изграден во XI век, во ерата на империјата Ангкор, трае повеќе од 50 години. Меѓународниот суд овој спор го реши во полза на Камбоџа во 1962 г. По таа одлука, тајландската војската своите позиции ги премести на своја територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

