Свет
Почнува сослушувањето на Асанж во врска со екстрадицијата
Во Лондон денеска ќе продолжи сослушувањето на основачот на сајтот Викиликс, Џулијан Асанж, чијашто екстрадиција бара Шведска, поради наводните сексуални деликти.За време на дводневното сослушување ќе треба да се одлучи судбината на Асанж во врска со барањето на шведските власти.Асанж за сексуалните деликти го обвинија две жени кои со него биле во контакт за време на неговата посета на Стокхолм минатата година.Одбраната на основачот на Викиликс ќе бара тој да не и биде испорачан на Шведска, меѓу другото и затоа што авионскиот билет за Стокхолм може да го спушти во американскиот затвор Гвантанамо беј или дури да му донесе и смртна казна пред правосудството во САД.Официјални лица од оваа земја бараат начин како истекувањето во јавноста на доверливите документи од Стејт департментот, до кои дојде Викиликс, да го подведат под некое кривично дело, што би овозможило против Асанж да се покрене обвинение и тој да се изведе пред американски суд.Адвокатите на Асанж тврдат дека кривичната постапка во Шведска е всушност поврзано со истекувањето на американските депеши и дека е политички мотивиран.Нивната аргументација, објавена прелиминарно, се сведува на истакнување на „вистинскиот ризик дека САД, ако Асанж биде испорачан на Шведска, ќе бара негова екстрадиција во САД или таму ќе го спроведе илегално“.Во тој случај, тврдат адвокатите, постои објективен ризик дека Асанж ќе биде одведен во Притвор во Гвантанамо беј или на некое друго место.Исто така се истакнува дека е реално можно Асанж да се соочи со смртна казна ако биде испорачан во САД.Според европското законодавство, осомничените лица не е можно да се испорачуваат во земји каде би можеле да дојдат под удар на смртната казна.Многу правни експерти велат дека тврдењата во врска со приведувањето во Гвантанамо се претерани, а Шведска одлучно ги отфрла обвинувањата дека постапува под притисок на САД и тврди дека Асанж од екстрадиција во САД го штитат строгите европски правила.Адвокатите на Асанж исто така ќе ја оспорат екстрадицијата во Шведска бидејќи таа не е базирана на покренато обвинение, туку од потребата за сослушување на Асанж./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

