Свет
Протести во Либија: бројот на загинати се искачи на 84
Бројот на загинати во тридневните протести во Либија се искачи на 84, тврди групата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ), пренесува BBCГлавниот фокус на немирите насочени против владеењето на полковникот Муамер Гадафи се наоѓа во вториот по големина либиски град, Бенгази на 1.000 километри од престолнината Триполи, каде што само од една болница се пријавени 35 смртни случаи. Интернет страниците се блокирани, а во некои делови на земјата е исклучена и електричната енергија, што го отежнува потврдувањето на информациите кои доаѓаат од теренот. Вчера во Бенгази силите за безбедност отвориле оган врз демонстрантите кога демонстрантите се доближиле до имотот кој Гадафи го користи кога доаѓа во посета на градот.ХРВ на својата интернет страница известува дека демонстрации има во уште најмалку четири градови: ал-Бајда, Аџдабија, Завија и Дарна. Видео снимки од ал-Бајда прикажуваат окрвавени тела во мртовечница и демонстранти како ја палат општинската зграда и уништуваат споменик на таканаречената „зелена книга“, која ја содржи идеологијата на Гадафи.Според непотврдени извештаи, во Дарна, источно од ал-Бајда, полициските станици се евакуирани. Весникот „„Деа“, во сопственост на синовите на Гадафи, тврди дека во градот двајца полицајци биле линчувани. Непотврдени извештаи велат и дека на повеќе места војниците ги смениле страните бидејќи не сакале да пукаат во своите сограѓани. Во престолнината Триполи не се забележани поголеми немири. На улиците на градот можат да се забележат само приврзаниците на Гадафи, кои со маршеви ја изразуваат својата лојалност кон него. Провладиниот весник „Ал-Заф Ал-Акдар“ ја пренесе заканата на властите дека „ќе одговорат насилно и силовито“ на секаков вид на протест, бидејќи не смеат да се по,минуваат „црвените линии“.„Моќта на народот, „Џамахиријата (системот на владеење), револуцијата и полковникот Гадафи, сето тоа е црвена линија и оние кои сакаат да ја преминат или да се доближат до неа имаат самоубиствени намери и си играат со оган“, пишува весникот.Сепак, медиумите јавуваат и за големи промени во владата, како и за ветување од Гадафи за поголема децентрализација на власта. Аналитичарите сметаат дека состојбата во Либија, земја пребогата со нафта, е многу поразлична од онаа во Египет. Гадафи може со парите од нафтата да го смирува незадоволството на народот и се уште е многу почитува од поголемиот дел од Либијците, со исклучок на регионот Сиренајка, каде што се наоѓа Бенгази. Гадафи е лидер со најголем стаж на владеење во арапскиот свет. Тој на чело на државата дојде по воениот удар во 1969 година. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.