Свет
Бројот на загинатите во Либија надмина 200

Во протестите во источниот либиски град Бенгази против 42-годишното владеење на полковникот Моамер Гадафи до денеска загинаа преку 200 луѓе, пишуваат британски весници, пренесува Риа НовостиПротестите во Либија, една од најголемите извознички на нафта во светот, започнаа на 15-ти февруари, во екот на бранот демонстрации ширум Блискиот исток. Немирите се главно сконцентрирани во провинцијата Саранајка, на истокот на земјата, во градовите Бенгази, Бајда и Тобрук, но пристигнуваат и информации за ширење на протестите на западот на земјата.Претходните информации беа дека во немирите загинале околу 100 луѓе. Интернетот во земјата е во прекин веќе два дена, што оневозможува независно потврдување на информациите.Неколку десетици луѓе беа убиени вчера во Бенгази, кога, наводно, снајперисти отвориле оган врз погребна поворка на жртвите од претходните судири. Еден доктор од локална болница за телевизијата „Ал Џезеира“ изјавил дека само тој примил телата на 15 загинати, кои имале рани „од куршуми со голем велоситет“, кави што се снајперските. „Десетици луѓе се убиени… се наоѓаме насред масакр“, ја пренесе Reuters изјавата на анонимен очевидец. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: 155 Кинези се борат за Русија; Пекинг: Toa се неосновани тврдења

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека разузнавачката служба на неговата земја има информации за 155 кинески државјани кои се борат на страната на Русија против Украина, додека Пекинг ги негира таквите тврдења.
Зеленски им рече на новинарите во Киев дека Русија регрутира кинески граѓани преку социјалните мрежи и дека кинеските власти знаат за тоа. Украина, рече Зеленски, се обидува да утврди дали регрутите добиле инструкции од Пекинг.
Пекинг ги отфрли обвинувањата на Киев дека голем број Кинези се борат на страната на Русија во војната во Украина, велејќи дека обвинувањата се неосновани.
Вчера Зеленски извести за фаќање на двајца кинески државјани кои се бореле како дел од руската армија на истокот на Украина.
Тој ја обвини Кина дека воено ја поддржува Русија, која ја нападна неговата земја во февруари 2022 година, и побара објаснување од Пекинг. Кина, сепак, возвраќа дека овие тврдења се целосно неосновани.
„Позицијата на Кина за украинската криза е јасна и недвосмислена, таа беше препознаена од меѓународната заедница“, изјави Лин Џианг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи на редовната прес-конференција денеска.
Во врска со фаќањето на двајца кинески државјани, портпаролот рече дека Кина во моментов ја проверува оваа информација со украинската страна. Тој, исто така, посочи дека кинеската влада бара од своите граѓани да се држат настрана од областите каде што се водат вооружени конфликти, да избегнуваат да бидат вклучени во каков било вооружен конфликт, а особено да избегнуваат учество во воените операции на која било страна.
Лиан Џианг смета дека Украина треба да ја цени конструктивната улога на Кина во изнаоѓањето политичко решение за украинската криза.
Кремљ одби воопшто да ги коментира украинските наводи. Сепак, Зеленски смета дека Кина, по Иран и Северна Кореја, е третата земја која воено и помага на Русија.
Иако Кина го поддржува територијалниот интегритет на Украина, таа не ја осуди руската инвазија на таа земја.
Свет
Зголемувањето на царините е автогол од страна на Кина, вели министерот на Трамп

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека објавата на претседателот Доналд Трамп за зголемување на царините за Кина на 125 отсто е поради нивното инсистирање на ескалација.
„Како што постојано велам, а и претседателот Трамп повторува со години, Кина е најнеурамнотежената економија во историјата на современиот свет, и тие се најголемиот извор на трговските проблеми на САД. А всушност, тие се проблем и за остатокот од светот, затоа што она што го видовме е дека, откако САД ја објавија царинската бариера минатата недела, многу од тие производи веќе почнаа да навлегуваат во Европа,“ рече Бесент.
Сепак, министерот за финансии инсистираше дека САД не се вклучени во трговска војна, и покрај растечката несигурност додека Кина и САД си наметнуваат сè повисоки царини едни на други.
„Јас не го нарекувам тоа трговска војна, но велам дека Кина ја ескалираше ситуацијата, а претседателот Трамп многу храбро одговори на тоа, и ќе работиме на решение со нашите трговски партнери,“ рече Бесент.
Тој посочи на тековните преговори со други земји, вклучувајќи ги Виетнам, Јапонија, Јужна Кореја и Индија.
Зголемувањето на царините го нарече автогол од страна на Кина.
САД претходно ја зголемија царината за Кина на 104 отсто, по што Кина брзо одговори со објавување на царина од 84 отсто за увозот од САД.
Претходно денес, Трамп ги стопира царините на 90 дена за сите освен за Кина, за која ги зголеми на 125 отсто.
Свет
Бесент ја пофали преговарачката моќ на Трамп поради одлуката за 90-дневна пауза на царините

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент ја опиша 90-дневната пауза на претседателот Доналд Трамп на царините како победа и сигнал за преговарачката моќ на Трамп, велејќи дека потегот е резултат на огромниот одговор од американските сојузници. Тој го отфрли наводите дека одлуката е поништување.
„Не, претседателот Трамп си создаде максимално преговарачка предност за себе“, им рече тој на новинарите во средата.
„Бевме едноставно преплавени, преплавени од реакциите, најмногу од нашите сојузници, кои сакаат да дојдат и да преговараат со добра волја.“
„Очекуваме да дојдат со нивниот најдобар договор“, додаде тој.
Притиснат повторно за тоа што доведе до паузата и дали големата нестабилност на пазарите имала влијание врз одлуката, Бесент сугерира дека тоа е директен резултат на повеќе од 75 земји кои дошле во Белата куќа да преговараат и дека станува збор за процес што бара време за да се склучи секој договор.
„Тоа е едноставно проблем во процесирањето. Секое од овие решенија ќе биде по мерка. Ќе одземе некое време. А претседателот Трамп сака лично да биде вклучен, па затоа ја имаме оваа пауза од 90 дена,“ рече тој.
„Тоа беше одлука на претседателот – да почека до денес. … Никој не создава преговарачка предност за себе како претседателот Трамп,“ рече тој.