Свет
Либија употреби авијација против демонстрантите
Либиските власти преземале голема операција со примена на огнено оружје за растурање на демонстрациите во главниот град Триполи, а катарската телевизија Al Jazeera јавува дека во операцијата е вклучена и воената авијација.
Како што јави катарската телевизија, телефонските врски во либиската престолнина се уште се исклучени и воопшто електронската комуникација е многу отежната. Либиската државна телевизија, пак, соопшти дека низ државата дејствуваат специјални организирани диверзантски групи и го повика населението да соработува со силите на безбедноста и полицијата на целата територија на Либија.Според последните информации, демонстрантите во Триполи заземале неколку владини згради кои биле во пламен. Од 15-ти февруари во Либија започна бранот народни протести со кои се бара смена на владејачкиот режим на диктаторот Моамер ел-Гадафи кој е навласт повеќе до 40 години. До понеделникот центар на масовните изблици на народно незадоволство беше вториот по големина град Бенгази во источниот дел од земјата, а од денеска тие се проширија и на главниот град Триполи. Властите жестоко се обидуваат да ги задушат демонстрациите. За време на протестите и безредијата во Либија загинале повеќе од 300 луѓе, а илјадници се ранети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

