Свет
Google манипулирал со египетските демонстранти?!
Рускиот вицепремиер Игор Сечин, во интервју за Wool street journal изјави дека интернет корпорацијата Google манипулиралa со демонстрантите во Египет при неодамнешните безредија
Вицепремиерот Игор Сечин смета дека Google стои зад манипулациите со египетските демонстранти чии масовни протести доведоа до соборување на долгогодишниот претседател Хосни Мубарак.„Мораме подетално да истражиме што се случи во Египет. Погледнете, што менаџерот на Google правеше таму и како се манипулираше со луѓето“, рече Сечин.Менаџерот на Google, Ваел Гоним беше лидер на младите демонстранти, кои преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер повикаа на соборување на Мубарак.На 8-ми февруари беше ослободен експертот на глобалиот пребарувач Google кој две седмици беше притворен од египетските тајни служби обвинет дека е еден од организаторите на масовните протести против режимот на претседателот Хосни Мубарак. Ваел Гоним, шеф на маркетиншкиот оддел на Google за Блискиот Исток и северна Африка, исчезна на 27-ми јануари, два дена по почетокот на масовните протести во Египет.Гоним по ослободувањето за локалната телевизија Dream TV рече дека го запреле тројца мажи на улица во Каиро и го пикнале во автомобил. Потоа е одведен на испитување во простории на безбедносните служби. Цело време бил со заврзани очи.Гоним е еден од основачите на Facebook групата „Сите сме Халид Саид“, посветена на активистот за човекови права кој беше на смрт претепан од полицијата во Каиро. „Мораме да го собориме овој политички систем што го имаме“, беше една од пораките на Facebook.Оваа група на социјалната мрежа се смета за заслужна за свртување на вниманието на јавноста за полициската тортура и поттикнување на масовни протести против режимот на Хосни Мубарак.Ослободувањето на Гоним го наредил новиот премиер Ахмед Шефик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

