Свет
Демонстранти се собираат на плоштадот во Багдад
NULL
На Плоштадот на ослободувањето во Багдад од утринава се собрани околу илјада луѓе, а се очекува да им се приклучат уште Ирачани како би учествувале во антивладиниот протест наречен Ден на бесот. Насобраните демонстранти извикуваа „Не на невработеноста“ и „Не на измамникот Ал-Малики“, алудирајќи на премиерот Нури Ал-Малики. Бројот на демонстранти се очекува да се зголеми по денешната молитва. Светските агенции оценуваат дека вчерашниот говор на Ал-Малики, во кој го повика народот да не излегува на улиците, може само да ја зголеми бројката на демонстранти. Шиитските лидери, исто така, го повикаа населението да не излегува на протестите. Ирачката полиција го забрани сообраќајот низ градот и не им дозволува на луѓето да минат преку еден од главните мостови во Багдад, за да стигнат до плоштадот. Ирачаните за протестот неколку седмици расправаа на „Фејсбук“ и другите социјални мрежи, инспирирани од демонстрациите во Тунис и Египет, кои ги принудија нивните лидери да си заминат од власта. крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.