Свет
Оман: Двајца загинати во судирите со полицијата
NULL
Полицијата во Оман употреби палки, гумени куршуми и солзавец за да ги растера демонстрантите, кои се собраа во главниот град Сохар, барајќи политички реформи. Демонстрантите со камења, предходно, ја нападнале полицијата. Повикувајќи се на изјави на очевидци, италијанската агенција АНСА, пренесува дека во судирите загинале двајца, а биле поведени најмалку осум демонстранти. Цитирајќи ги истите извори агенцијата пренесува дека на протестите се собрале повеќе од илјада луѓе. По судирите со демонстрантите полицијата се повлекла, но над градот сеуште кружат хеликоптери. Незадоволните граѓани поставиле барикади на патот кој ги поврзува градовите Сохар и Мускат. Султанот на Оман, Кабус бин Саид, во обид да ја намали напнатоста во оваа мирна земја, вчера направи реконструкција на кабинетот, сменувајќи шестмина министри. крај/ansa.it/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

