Свет
Силите верни на Гадафи во офанзива против бунтовниците
Борбени авиони на силите верни на либискиот лидер Моамер ел Гадафи денеска го бомбардираа воениот магацин во градот Аџдабија на истокот на Либија, што е под контрола на бунтовниците, јави Би-Би-Си.
Борбени авиони на силите верни на либискиот лидер Моамер ел Гадафи денеска го бомбардираа воениот магацин во градот Аџдабија на истокот на Либија, што е под контрола на бунтовниците, јави Би-Би-Си.Светските медиуми јавуваат дека трупите на Гадафи ја повратиле контролата врз нафтената постројка што се наоѓа во околината на Аџдабија.Очевидци за агенцијата Асошиејтед прес тврдат дека два борбени авиона фрлиле бомби во источниот дел на Аџдабија, додека силите верни на Гадафи напредуваат кон овој град, оддалечен 750 километри од Триполи.Би-Би-Си јавува дека воени сили влегуваат во побунетите територии на истокот на Либија и дека во Аџдабија се очекува наскоро да влезе конвојот од 100 возила. Овој град е многу важна цел за Гадафи, бидејќи во него се наоѓа воен магацин кој претходно неколку пати беше бомбардиран.Во Триполи денеска се преврте цистерна со гориво, предизвикувајќи низа силни експлозии,а во моментот се истражува дали станува збор за саботажа.За време на повеќедневните немири во Либија, владетелот Гадафи загуби контрола врз повеќе делови на земјата.Два американски воени брода влегоа во Суецкиот канал, а американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс нареди бродовите да се стационираат во близина на Либија. /крај/бб/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.

