Свет
Западните воени бродови се приближуваат кон брегот на Либија
Два американски десантни бродови, „Кијарсардџ” и „Понсе“, кои пренесуваат маринци и опрема, пристигнаа во Средоземното Море на пат за Либија. Групата вклучува 800 маринци, хеликоптери и медицинска опрема. Таа може да извршува хуманитарни и воени мисии.
Во последните неколку дена западните сили испраќаат свои бродови кон либискиот брег, обидувајќи се да помогнат во евакуацијата на илјадниците бегалци, кои се обидуваат да избегаат од конфликтот меѓу силите лојални на Моамер Гадафи, и бунтовниците во земјата. Два американски десантни бродови, „Кијарсардџ” и „Понсе“, кои пренесуваат маринци и опрема, пристигнаа во Средоземното Море на пат за Либија. Групата вклучува 800 маринци, хеликоптери и медицинска опрема. Таа може да извршува хуманитарни и воени мисии. „ Ги придвижуваме своите бродови поблиску до Либија”, изјавил претставник на Министерството за одбрана на САД во Вашингтон. Франција го испрати својот втор по големина борбен брод, „Мистра“, на либискиот брег, за да помогне во евакуација на бегалците од конфликтот таму. Француските власти велат дека „Мистра” ќе земе учество во изготвениот план од ЕУ за репатријација на илјадници египетски работници кои се обидуваат да избегаат од борбите помеѓу силите, лојални на Гадафи, и бунтовниците. Британската фрегата „Вестминстер” отплови денеска од Гибралтар кон брегот на Либија. Освен својот вообичаен товар,воениот бродови носи и медицински материјали, прекривки и чаршафи, изјавил портпаролот на воената база во Гибралтар. Кога ќе пристигне во близина на Либија, таа ќе ја смени фрегатата „Јорк”, која исплови од Гибралтар кон брегот на Либија во петокот и транспортира медицински материјали обезбедени од страна на Шведска за Бенгази. Канадската фрегата „Шарлоттаун” го напушти денеска пристаништето во Халифакс за мисија во Средоземното Море крај либискиот брег, објавија локалните телевизиски канали. Таа треба да пристигне на одредиштето по 6-7 дена и таму ќе се приклучи на двата американски воени бродови. Западните сили ја разгледуваат можноста за спроведување на зона забранета за летови над Либија, за да ги поддржат бунтовниците кои се борат против режимот на Гадафи. Некои опозициски политичари во Либија почнаа да повикуваат на воздушни напади против силите лојални на режимот.крај/бг/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

