Свет
Чавез со Гадафи за формирање на блок на пријателски земји
Претседателот на Венецуела Уго Чавез разговарал со либискиот лидер Моамер ел Гадафи за создавање на блок пријателски земји кои би посредувале за решавање на кризата во Либија.
Претседателот на Венецуела Уго Чавез разговарал со либискиот лидер Моамер ел Гадафи за создавање на блок пријателски земји кои би посредувале за решавање на кризата во Либија.Ова ноќеска го соопшти венецуелскиот министер за информирање Андрес Изара, пренесува Асошиејтед прес.Чавез, кој е во пријателски врски со Гадафи, разговарал со либискиот лидер во вторникот, соопшти Изара преку социјалната мрежа Твитер.Венецуела меѓу сојузниците во Латинска Америка веќе го покрена прашањето за создавање на блок од нации кој би се нарекувал „Комитет на мирот“ и кој би посредувал во решавање на кризи.Венецуелските власти не соопштија како Гадафи реагирал на овој предлог.Шефот на дипломатијата на Венецуела Николас Мадуро оцени дека создавањето на таков блок би помогнало да се разреши конфликтот во Либија, при тоа додавајќи дека владата во Каракас смета дека за прекин на насилствата во таа земја на северот на Африка, треба да се користи дипломатија, а не воени закани.Мадуро ги критикуваше претставниците на САД и Европската унија(ЕУ) поради приклонувањето кон политиката на изолирање на Гадафи и разгледување на можноста за пружање на воена помош на Либијците кои се побунија против својот лидер.Уго Чавез изјави дека нема да се приклучи на осудите на Гадафи и предупреди дека Вашингтон подготвува воена инвазија врз Либија.Чавез во повеќе наврати ја посети Либија откако стана претседател, а Гадафи во 2004. година го одликуваше со својата годишна награда во областа на човековите права поради борбата против „ефектите на империјализмот и против непријателот на слободата внатре и надвор“ од Венецуела. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

