Свет
Американските воени бродови во Средоземно Море
Американските амфибиски бродови во четвртокот рано наутро впловија во водите на Средоземното Море на пат кон Либија, соопштија од управата на Суецкиот канал што го потврдија и американски официјални извори
Амфибискиот брод „USS Kearsarge“ со 800 маринци на кој има 50-ина хеликоптери и авиони со вертикално полетување, како и амфибискиот транспортен брод „USS Ponce“ со санитетски капацитети, го минале Суетцкиот канал на нивниот пат од Црвеното кон Средоземното Море. Официјален Вашингтон претходно најави дека намената на овие бродови ќе биде обезбедување можност за евакуација и поддршка на хуманитарните операции, нагласувајќи дека ниедна од опциите се уште не е исклучена.Иако упатувањето на бродовите кон либиските територијални води претставува директен притисок на САД за либискиот водач Моамер ел-Гадафи да ја напушти власта и да запре со оруженото задушување на бунтот против неговиот режим, највисоките државни функционери во Вашингтон не се многу расположени за почнување нови воени операции, бидејќи се уште се чувствува големиот товар од трошоците за војните во Авганистан и Ирак. Американскиот министер Роберт Гејтс во средата на сослушувањето пред Конгресот рече дека вопоставувањето зона за забранети летови над Либија, претпоставува прво напад со кој ќе се неутрализираат против-авионските одбранбени системи на либиската армија. „Да го наречеме тоа со вистинското име. “Нон-флај“ зоната почнува со напади врз Либија за да се уништи нејзината против-авионска одбрана…, и тогаш може да се лета наоколу, негрижејќи се дека нашите момчиња ќе бидат урнати“, изјави Гејтс пред когресната комисија. Гејтс истакна дека зоната за забранети летови за Либија „исто така бара повеќе авиони отколку што има на еден носач на авиони, бидејќи тоа е голема операција во голема земја“. Американската државна секретарка Хилари Клинтон, пак, пред Комисијата за надворешна политка на Сенатот во средата изјави дека е долг патот до решението за воспоставување зона за забранети летови над Либија. Органзиацијата на Арапската лига исто така во средата соопшти дека ќе ја разгледа поддршката за прогласување зона за забранети летови за да се прекине нападот на режимот на Гадафи врз бунтовниците, но отфрли каква и да е поддршка за директна странска воена интервенција.САД во Црвеното Море го имаат носачот на авиони „USS Enterprise“ со околу 70 авиони, но од Пентагон официјално потврдија дека тој не е на пат за Средоземјето. Вашингтон е загрижен дека Либија ќе навлезе во општ хаос и ќе стане уште еден бастион за Ал Каеда, како што е Сомалија, иако засега САД немаат такви очекувања. Тоа го потврди и Хилари Клинтон којашто рече – „Една од нашите најголеми грижи е дека Либија ќе потоне во хаос и ќе стане гигантска Сомалија. Тоа не е нешто што засега го гледаме на хоризонтот, но многу од активистите на Ал Каеда во Авганистан и во Ирак дојдоа од Либаија, и тоа токму од источна Либија која сега е таканаречената слободна зона на Либија“:Силите лојални на полковникот Моамер ел-Гадафи во средата почнаа против-афанзива кон пристаништето Брега, источно од престолнината Триполи, каде што се наоѓа голема рафинерија, со употреба на авијацијата којашто ги бомбардираше позициите на бунтовниците. Минатата седмица силите на Гадафи беа концентрирани на напади во западниот дел од земјата, настојувајќи да го засилат своето главно упориште Триполи и настојувајќи да ги заземат блиските градчиња кои беа во рацете на бунтовниците. Нападот врз Брега претставуваше големо изненадување, во кој силите на Гадафи прво во средата наутро ги заземаа нафтените постројки а потоа во контра-нападот на бунтовничките милиции беа притеснети кон универзитетксиот кампус од каде даваа жесток отпор, се додека доцна вечерта силите од 200-ини лојалисти не се повлекле, јавија во четвртокот наутро арапските телевизии.Во главниот град Триполи, Гадафи одржа уште еден говор во кој најави битка до последниот човек и предупреди дека илјадници Либијци ќе загинат доколку силите на САД и на НАТО интервенираат во внатрешнтие судири.Светската програма за храна (WFP) при Обединетите нации, ја активираше програмата во вредност од 38,7 милиони долари помош во храна за 2,7 милиони луѓе кои се просто заробени од судирите во Либија, додека светсктие органзиации настојуваат да ги ублажат последиците од бегалската криза на либиските граници со Египет и Тунис. WFP соопшти дека итните пратки со храна се упатени на либиско-туниската граница кон која се движат десетици илјади луѓе кои настојуваат да побегнат од Либија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени
Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од нив се хоспитализирани, од кои едно лице е во тешка состојба.
Регионалниот лидер, Александар Бречалов, потврди дека нападот предизвикал материјална штета и жртви.
Ukraine 🇺🇦 has carried out one of its most high-value long-range strikes of the war, striking the Iskander ballistic missile production plant in Votkinsk, Russia
Flamingo cruise missiles flew ~1,300km from the frontline striking at least 1 of the 19 major facilities at the plant pic.twitter.com/axi3W9TRGU
— Ukraine Battle Map (@ukraine_map) February 21, 2026
Фабриката „Воткина“ е стратешко државно одбранбено претпријатие и една од најважните фабрики за ракети во Русија. Таа произведува балистички ракети со краток дострел „Искандер-М“, кои често се користат во напади врз Украина, како и интерконтинентални балистички ракети „Топол-М“. Фабриката е осомничена и за производство на новите руски ракети „Орешник“.
❗️An attack on a Russian missile plant in Votkinsk, Udmurtia, Russia.
1,400 km from the border with Ukraine.
The plant produces Iskander-M missiles, as well as Yars, Topol and Oreshnik missiles.
It is under US, EU, Japan, Switzerland, Ukraine sanctions. pic.twitter.com/vSdxJtFrmg
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 21, 2026
Според локални очевидци и украински воени блогери, нападот бил извршен со беспилотни летала и крстосувачки ракети „Фламинго“. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од експлозиите и големи облаци чад што се издигнуваат над фабриката. Жителите на Воткинск рекле дека слушнале најмалку три експлозии и зуење на беспилотни летала.
On Russian Telegram: Confirmation of a Flamingo strike
The plant producing "Iskanders" and "Orekhnik" was attacked in Udmurtia, — OSINT analysis by ASTRA
ASTRA analyzed eyewitness footage and concluded that the JSC "Votkinsk Plant" was hit during the night attack. The video… pic.twitter.com/MGb1AJch86
— Beefeater (@Beefeater_Fella) February 21, 2026
Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 77 украински беспилотни летала над повеќе региони, вклучувајќи го Крим и Азовското Море. Поради нападот, аеродромите во Ижевск и околните градови привремено ги прекинаа операциите.
💥 Strike hits Russian missile plant in Udmurtia.
Officials say the target was the Votkinsk Plant linked to production of Oreshnik and Iskander-M missiles. pic.twitter.com/M7f7ZE1hJZ
— UNITED24 Media (@United24media) February 21, 2026
Свет
Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп
Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд Трамп, ги воведе минатата година, нагласувајќи дека е добро да има контрола и рамнотежа во владеењето на правото и демократијата.
„Не е лошо да постои Врховен суд и владеење на правото во демократијата“, рече Макрон и додаде дека Франција ќе ги разгледа последиците од глобалните царини од 10 отсто што Трамп ги воведе синоќа, пренесува Ројтерс.
Доналд Трамп, пак, порача дека САД не планираат да им враќаат пари на компаниите по поништените царини и ги критикуваше судиите кои гласаа за укинување на мерките, нарекувајќи ги „нелојални“ и потенцијално под влијание на странски интереси. Тој исто така најави и отворање на истраги за заштита на САД од некоректни трговски практики на други земји и компании.
Свет
Трамп не планира да им враќа пари на компаниите поради укинувањето на царините
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД не планираат да им враќаат пари на компаниите, откако Врховниот суд ги поништи царините што тој ги воведе минатата година за низа странски земји.
На конференцијата за новинари во Белата куќа, Трамп рече дека неговиот тим не предвидува поврат на средства и додаде дека верува оти случаите ќе завршат на суд во следните неколку години.
„Напишаа ужасна, погрешна одлука, скоро како да не ја напишале паметни луѓе. На крај ќе бидеме на суд наредните пет години“, рече Трамп.
Судот со шест гласа за и три против одлучи дека Трамп ги надминал своите овластувања кога го искористил Законот за вонредни федерални состојби од 1977 година (IEEPA) за воведување реципрочни глобални царини.
Американските увозници кои минатата година плаќале царини можеби ќе побараат поврат на средства од Агенцијата за царини и гранична заштита, што би можело да чини милијарди долари, иако дел од трошоците можеби веќе ги префрлиле на потрошувачите.
Трамп, исто така, предупреди дека земјите кои, според него, лошо постапувале кон САД ќе „платат цена за тоа“, додека оние кои биле „добри кон Америка“ ќе бидат „многу добро третирани“.
Без да даде конкретни докази, Трамп повтори дека странски интереси влијаеле на одлуката на Врховниот суд да ги укине царините.
„Мислам дека странските интереси ги претставуваат луѓе со големо влијание. Тие имаат големо влијание на Врховниот суд, дали преку страв, почит или пријателства, не знам. Но, ги познавам некои од луѓето од другата страна и не ми се допаѓаат. Мислам дека се вистински ѓаволи“, заклучи Трамп.

