Свет
Адвокатите на Асанж поднесоа жалба
Адвокатите на Џулијан Асанж, основачот на алармирачката интернет страница Wikileaks денеска поднесоа жалба против наредбата на лондонскиот суд за екстрадиција на Асанж во Шведска, каде што ќе му се суди за сексуални злосторства, пренесува Reuters
Адвокатите на Џулијан Асанж, основачот на алармирачката интернет страница Wikileaks денеска поднесоа жалба против наредбата на лондонскиот суд за екстрадиција на Асанж во Шведска, каде што ќе му се суди за сексуални злосторства, пренесува ReutersКонтроверзниот Австралијанец (39) одлуката на судот од минатата недела тој да биде екстрадиран ја опиша како „ резултат на европскиот систем на прогон кој сосема полудел“. Асанж додава дека е подготвен за долга правна битка, која ќе ја тера дури и до Европскиот суд за човекови права, ако е потребно. Од Вишиот суд во Лондон потврдија дека денеска ја примиле жалбата, но се уште не е утврден датумот на сослушувањето. Шведскиот суд го бара Асанж со европска потерница поради наводно сексуално малтретирање на две жени во Шведска, од кои едната го тужи поради тоа што одбил да стави кондом при секс, а другата го тужи за силување поради тоа што наводно имал однос со неа додека таа спиела. Адвокатите на Асанж тврдат дека ако тој боде екстрадиран во Шведска, се соочува со ризик од таму да биде екстрадиран во САД, каде штоп му се заканува смртна казна поради тајните воени и дипломатски документ на САД кои тој ги објави на својата страница. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

