Свет
Пребегнат екс-функционер од Москва доби литвански азил
Поранешниот челник на Северната административна област на Москва, кој е обвинет дека ја измамил Јелена Булина, сопруга-милијардерка на поранешниот градоначелник на Москва, денеска доби азил во Литванија, јавува Риа Новости
Поранешниот челник на Северната административна област на Москва, кој е обвинет дека ја измамил Јелена Булина, сопруга-милијардерка на поранешниот градоначелник на Москва, денеска доби азил во Литванија, јавува Риа НовостиЈури Кардиков беше отпуштен од местото префект на северната област на Москва кон крајот на 2008 година, поради тоа што Бурина, сопруга на поранешниот градоначелник Јури Лужков, го обвини дека ја измамил за 30 милиони евра, продавајќи и плац во одморалиштето Сочи во 2007 година, иако знаел дека местото е оспорено од судот. Поранешниот градски функционер тврди дека не можел да знае за одлуката на судот, бидејќи била донесена откако го продал земјиштето.Рускиот сид во 2009 година го одобри апсењето на Кардиков во отсуство. Тој веќе легално престојуваше во Литванија каде што има свои деловни интереси. Тој вели дека и покрај тоа што во септември 2010 година Лужков исто така беше отпуштен од функцијата градоначелник од страна на претседателот Дмитри Медведев, сепак не може да биде сигурен дека ќе добие фер судски процес поради огромната корупција во рускиот судски систем. Тој се пожали поради налогот за негово апсење до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со тврдење дека случајот против него е фабрикуван. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Кога го гледам овој режим и овој слеп, бесен терор, имам малку надеж“: Мерц не гледа брз крај на војната во Украина
Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека има мали шанси за брз крај на војната во Украина преку преговори.
Тој изјави за германските весници НБР и „Рајнфалц“ дека според него војната ќе заврши само кога една од двете страни ќе биде исцрпена, „или воено или економски“.
„Разумот и хуманитарните аргументи нема да го убедат рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е горчливата вистина“, рече Мерц.
Според него, целта на европските напори е „да се спречи руската држава воено да ја продолжи војната и нејзиното финансирање“, според „Шпигел“. Мерц рече дека смета дека е практично невозможно нормалните односи со Путин некогаш да се вратат.
„Кога го гледам овој режим и овој слеп, бесен терор, имам малку надеж“, рече германскиот канцелар.
Според Мерц, руската „владејачка елита“ не може без војна во догледна иднина и мора да ја држи воената машина во функција бидејќи немаат план што друго да прават со стотици илјади војници, од кои некои се тешко трауматизирани, кога ќе се вратат од фронтот.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Свет
Мета и Гугл обвинети за штетно влијание врз менталното здравје на децата
Гугл и Мета на Марк Закерберг се обвинети дека намерно ги прават своите платформи зависни за децата и со тоа го оштетуваат нивното ментално здравје.
Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, се појави вчера на суд во Лос Анџелес, каде што сведочеше на судење кое ја стави неговата компанија во центарот на вниманието поради штетните ефекти на социјалните медиуми врз децата.
Жена од Калифорнија, која ги користела Инстаграм на Мета и Јутјуб на Гугл, изјави дека апликациите ѝ ја поттикнувале депресијата и самоубиствените мисли.
Тужителот почнал да го користи Јутјуб на шестгодишна возраст, Инстаграм на 11-годишна возраст, а потоа „Тик-ток“ и Снепчет. Овие последни две платформи веќе постигнале договор за компензација со жената.
Тужбата ги обвинува компаниите дека се обидуваат да ги „привлечат“ децата во своите услуги, иако биле свесни за негативните последици по менталното здравје што би можеле да ги предизвикаат.
Во центарот на спорот е прашањето дали социјалните мрежи предизвикуваат зависност кај децата.
Мета и Гугл ги негираа обвинувањата, а Мета се повика на студија на Националните академии на науките која не открила никаков ефект на социјалните медиуми врз менталното здравје на децата.
Доколку Мета го изгуби случајот, ќе мора да му плати отштета на тужителот, а таквата пресуда би имала влијание врз кредибилитетот на компаниите за социјални мрежи во време кога сè повеќе влади низ целиот свет ги забрануваат овие апликации за деца под 16 години, пренесуваат медиумите.
Зборувајќи пред судот, Закерберг рече дека жали што неговата компанија бавно ги препознавала корисниците под 13 години на Инстаграм. Додаде дека во меѓувреме се направени подобрувања.
– Би сакал да го постигнавме тоа порано – рече тој.
Минатата недела, на судењето сведочеше и шефот на Инстаграм, Адам Мосери, категорично отфрлајќи го концептот на зависност од социјалните мрежи.
Забраната за социјални медиуми за деца под 16 години веќе стапи на сила во Австралија.
Во Франција, законот што предвидува забрана на социјалните мрежи за корисници под 15 години е во парламентарна процедура. Во меѓувреме, се очекува Советот на министри на Шпанија да одобри слична забрана за корисници под 16 години и да ја испрати во парламентот.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера објави дека би бил отворен за разгледување на таква забрана.
Норвешка, Грција, Обединетото Кралство, Данска, Италија и Холандија се меѓу многуте европски земји кои дебатираат за некаков вид забрана.

