Свет
Силите на Гадафи пак го контролираат Завија

Силите лојални на Моамер Гадафи повторно ја преземаа контролата врз градот Завија, оддалечен 60 километри од Триполи, јави денеска либиската телевизија, пренесува агенцијата AFP
Од друга страна, политичкиот активист Мохамед Касем од градот Завија во изјава за телевизијата Al Jazeera негираше дека силите на Моамер ел–Гадафи го презеле градот, но потврди дека е обиколен.Либиската телевизија јави дека се убиени „шефот на терористичката група од Завија“ Хусеин Дарбук и неговиот прв соработник, додека останатите шефови на бунтовничката група се уапсени.Сведоци во Триполи рекоа дека виделе тешко вооружени хеликоптери како летаат во правец на Завија.Минатиот викенд противниците на Гадафи ја преземаа контролата врз Завија, а минатиот четврток во борбите за градот, според податоците на Либиската лига за правата на човекот, загинале 35 луѓе
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ОБСЕ: Клучно е да се зајакне лидерската улога на жените

Улогата на жените лидери, посебно во градењето на мирот и спречувањето на конфликтите, е клучна во постигнувањето на целите за просперитетни и мирни општества и гаранција за зајакнување на нашите демократии, изјавија официјални претставници на ОБСЕ по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената.
Тие укажаа на потребата да се засилат напорите и да се зголемат ресурсите за зајакнување на женското лидерство.
Исто така ја подвлекоа клучната улога на жените во обезбедувањето на закрепнување по пандемијата на Ковид-19.
„Економското зајакнување на жените и девојките е од суштинско значење за нивно значајно вклучување и еднакво учество во процесите за донесување одлуки, вклучително и решавање на конфликтите и градење на мир. Промовирањето на женското лидерство е важен аспект кога сакаме да го зголемиме целосното и ефективно учество на жените во процесите на донесување одлуки. ОБСЕ мора да игра важна улога во напорите за зајакнување на женското лидерство во општествата“, рече претседавајќи со ОБСЕ, шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде.
Генералнната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит, истакна дека подеднакво учество на жените во справувањето со пандемија е поважно од било кога.
„Ние мора да дадеме приоритет на напорите за унапредување на женското лидерство, преку професионално обучување и менторство, преку поддршка на женските мрежите за градење мир и преку обезбедување на родово чувствително работно опкружување“, посочи Шмит.
Официјални лица на ОБСЕ подвлекоа дека родовата еднаквост е предуслов за инклузивен мир, одржлив економски развој и демократско управување.
Свет
Нов Зеланд ќе користи само вакцини од „Фајзер“ за имунизација на населението

Нов Зеланд ќе користи само вакцини од „Фајзер“ за да го имунизира своето население против коронавирусот, откажувајќи се од претходните планови за употреба на четири различни вакцини, изјави денеска премиерката Џасинда Ардерн.
Објавувајќи ја стратегијата, премиерката изјави дека одлуката е донесена врз основа на ефективноста на вакцината на „Фајзер“
Таа рече дека ќе биде полесно и „пофер“ за сите Новозеланѓани да имаат пристап до истата вакцина.
Сепак, стратегијата за борба против короната може да биде забавена со доцнењето во добивањето одобренија за вакцини. Досега, медицинските регулатори на Нов Зеланд ја одобрија само вакцината на „Фајзер“ и разгледуваат уште две вакцини.
Ардерн рече дека Нов Зеланд набавил 10 милиони дози вакцина од „Фајзер“, што е доволно за да се вакцинираат пет милиони жители со потребните две дози. Таа рече дека повеќето вакцини треба да пристигнат во Нов Зеланд во втората половина на годината.
Досега, само неколку илјади луѓе се вакцинирани во Нов Зеланд. Земјата го запре ширењето на вирусот во заедницата и имунизацијата не се смета за итна како во многу други земји.
Европа
Периодот меѓу двете вакцини е посебно опасен, предупредуваат виролозите

Главниот виролог на Универзитетската клиника во Хајделберг, Ханс-Георг Кројслих, предупредува на опасноста од нови мутации на коронавирусот, особено во периодот помеѓу приемот на двете дози на вакцината.
„Би било загрижувачки ако во следните недели многу луѓе, по првата вакцина, имаат нецелосна заштита, а во исто време има бројни инфекции. Тоа би било идеален простор за нови видови кои би можеле да го заобиколат дејството на вакцината“, изјавил Кројслих за весникот „Рајн Некар цајтунг“.
Тој истакнал дека, со делумен имунитет, може да се создадат отпорни варијанти на вирусот.
„Ако се заразат голем број луѓе, кои сè уште немаат целосен имунитет, тогаш се зголемува веројатноста за нови мутации“, смета вирологот.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“