Свет
Силите на Гадафи бомбардираат магацини со оружје во Бенгази
Вооружените сили лојални на режимот на полковникот Моамер ел-Гадафи во петокот навечер бомбардирале магацини со оружје на периферијата од градот Бенгази
Како што пренесува Reuters повикувајќи се на неименувани претставници на опозицијата во градот Бенгази, се уште нема информации за жртви. Бунтовниците на крајот од февруари ја презедоа контролата врз Бенгази, вториот по големина град во државата. Претходно силите лојални на Гадафи повторно ја преземаа контролата врз градот Завија, оддалечен 60 километри од Триполи. Од друга страна, политичкиот активист Мохамед Касем од градот Завија во изјава за телевизијата Al Jazeera негираше дека силите на Гадафи го презеле градот, но потврди дека е обиколен.Либиската телевизија јави дека се убиени „шефот на терористичката група од Завија“ Хусеин Дарбук и неговиот прв соработник, додека останатите шефови на бунтовничката група се уапсени. Минатиот викенд противниците на Гадафи ја преземаа контролата врз Завија, а минатиот четврток во борбите за градот, според податоците на Либиската лига за правата на човекот, загинале 35 луѓеВо петокот рано утрината воздушните сили лојални на либискиот лидер бомбардираа воена база во близина на градот Аџдабија во источниот дел на Либија. Националниот либиски совет повика на странска интервенција за запирање на бомбардирањата. Во исто време воени авиони ги бомбардирле нафтените постројки во областа на друг источен либиски град – Марса ал-Брега на Средоземното Море, кој исто така е под контрола на бунтовниците. Податоци за жртвите, исто така, не се соопштени во текот на денот. Од вторникот силите лојални на Гадафи започнаа офанзива врз источните градови Аџбадија и Марса ал-Брега кои лесно беа преземени од бунтовниците. Во Марса ал-Брега се наоѓаат едно од главните пристаништа преку кое се извезува либиската нафта, рафинерии за нафата и за течен гас и стратешки важен аеродром. Во Аџбадија, пак, либиските опозициски сили ја држат под контрола воената база и арсенали со оружје. Од друга страна Националниот либиски совет, кој е привремено тело на бунтовниците, повика на странска интервенција, за да се неутрализираат воздушните напади врз нивните позиции од страна на силите лојални на Моамер ел-Гадафи. На чело на Советот се наоѓа поранешниот министер за внатрешни работи, Мустафа Абдел Џалил, кој минатиот месец им се приклучи на бунтовниците.„Доколку дојде до преговори ќе се разговара на една тема, како Гадафи да ја напушти земјата или да замине од власта. За нешто друго ние нема да преговараме“, изјави портпаролот на Џалил, Ахмед Џабрил.Во меѓувреме, синот на Гадафи, Сеиф ел Ислам, за телевизијата Sky news, рече дека целта на нападите врз крајбрежниот град Брега била само да се заплашат бунтовниците. Тој додаде дека режимот ќе стори се`, Брега клучниот град во либиската нафтена индустрија, да не падне во рацете на бунтовниците.„Без Брега шест милиони луѓе нема да имаат егзистенција. Сите ние живееме и се храниме благодарение на Брега“, изјави Сеиф ел Ислам.Синот на Гадафи предупреди дека во иднина протестите нема да бидат толерирани.Од 15-ти февруари во либискиот провинции избувна револуција со која противниците на режимот бараат соборување на полковникот Моамер ел-Гадафи кој е на чело на државата повеќе од четири децении. Тој ја отфрли таквата можност и презеде жестока контра-офанзива врз пзоициите на бунтовниците. Според меѓународните организации, во обидот за насилно задушување на бунтот против режимот, во судирите меѓу опозицските сили против лојалистите и странски платеници убиени се околу шест илјади луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прво огласување на кралот Чарлс по апсењето на Ендру
Британскиот крал Чарлс се огласи по апсењето на својот брат и поранешен принц Ендру.
„Со најдлабока загриженост ја примив веста за поранешниот принц Ендру Маунтбатен Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес за соодветно истражување на ова прашање и од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков, тие ја имаат нашата целосна и безусловна поддршка и соработка. Да бидам јасен: законот мора да си го направи своето. Додека овој процес продолжува, не би било соодветно да коментирам понатаму. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да ви служиме на сите вас. Чарлс Р.“, изјави тој.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.

