Контакт

Свет

Британски баталјон подготвен за итнервенција во Либија

Објавено пред

Британската армија ја стави во состојба на висок степен на борбена готовност единицата на Кралската регимента (полк) на Шкотска во врска со немирите во Либија, пишува британскиот весник Daily Telegraph

Третиот баталјон на полкот Блек воч (Black Watch) е подготвен за транспорт во најкус можен рок, доколку ситуацијата во Либија и натаму се влошува и ќе се бара распоредување на војници во Северна Африка. Оваа единица којашто брои 600 војници, во 2009 г. се врати во Бритнанија од Ирак. Сега баталјонот е стациониран во базата „Форт Џорџ“, во близина на шкотскиот пристанишен град Инвернес. „Трупите се ставени во состојба на готовноста за секој случај“, го цитира весникот својот извор. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека баталјонот Black Watch е подготвен да извршува хуманитарни операции а не воени. Веста за високата подготвеност на британската единица дојде пред почетокот на договорите меѓу членките на НАТО на кои се  разгледуваат планови за можна интервенција на силите на Алијансата доколку се влоши ситуацијата во Либија. Во моментот, Британија се подготвува да испрати дипломати и советници во градот Бенгази во источниот дел на Либија, којшто се смета за главна база на либиската бунтовниците, забележува весникот. Од 15-ти февруари во либискиот провинции избувна револуција со која противниците на режимот бараат соборување на полковникот Моамер ел-Гадафи кој е на чело на државата повеќе од четири децении. Тој ја отфрли таквата можност и презеде жестока контра-офанзива врз пзоициите на бунтовниците. Според меѓународните организации, во обидот за насилно задушување на бунтот против режимот, во судирите меѓу опозицските сили против лојалистите и странски платеници убиени се околу шест илјади луѓе.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Јапонски милијардер бара осум лица за патување околу Месечината

Објавено пред

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава тргна во потрага по осум лица кои ќе му се придружат како први приватни патници на пат околу Месечината со „Спејс икс“ на Илон Маск.

Тој првично планираше да ги покани уметниците на еднодневно патување закажано за 2023 година, наведува „Ројтерс“.

„Проектот Риџид ќе им даде можност на луѓето од целиот свет да се приклучат на ова патување. Ако се доживувате како уметник, тогаш сте уметник“, рече Маезава.

Првата фаза на пријавување трае до 14 март.

Маезава е познат по своите колекции на уметнички дела и суперавтомобили, како и подароци во готовина, поради што има најмногу следбеници во Јапонија на својот профил на „Твитер“.

Минатата година тој започна краткорочна документарна потрага по нова девојка која ќе му се придружи на патувањето, пред да се пензионира, а како причина наведе „измешани чувства“.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден: До крајот на мај ќе имаме доволно вакцини

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД ќе имаат доволно вакцини за коронавирус за сите возрасни Американци до крајот на мај.

Според министерството за здравство, партнерството меѓу производителите на лекови, како и другите чекори што ги презеде владата, ќе и овозможат на компанијата за вакцини да ја забрза испораката на 100 милиони дози за околу еден месец.

„Една од работите што дознав кога ја презедов функцијата е дека “Џонсон и Џонсон” заостануваат во производството. Едноставно, вакцината не доаѓаше доволно брзо. Така, мојот тим работеше напорно за да ги забрза овие напори”, рече Бајден.

Американскиот претседател се надева дека САД ќе се вратат во нормала ова време следната година, можеби порано.

„Тоа зависи од тоа дали луѓето продолжуваат да бидат паметни и дали разбираат дека сè уште можеме да имаме значителни загуби“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Загреб 25 % од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Објавено пред

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска, таа бројка е околу 20 проценти, рече Јасмина Вранеш, раководител на референтниот центар за тестирање на вирусот во Хрватска.

Таа посочи дека поради тоа се воведуваат промени во дијагностиката, првенствено насочени ПЦР тестови, кои можат да откријат нови варијанти на вирусот и чии резултати се добиваат за неколку часа.

„ Ние ги користиме овие нови тестови на патници од други земји и лица со сомневање за реинфекција на коронавирус, а дополнително ги користиме како таканаречен тест за надѕор, што значи дека 20 до 50 проценти од примероците позитивни на „обичниот“ ПЦР тест се дополнително тестирани за нови варијанти на вирусот, а после тоа е направено потврдно геномско секвенционирање“ објасни Вранеш за „Јутарњи лист“.

Таа потсети дека, покрај британскиот, во Хрватска се регистрирани и јужноафрикански и њујоркшки, за кои исто така е утврдено дека брзо се шират.

Нови тестови во Хрватска не се вршат на првото тестирање, туку од позитивните случаи на стандардниот ПЦР тест се зема дел од примероците за да се потврди некој од новите варијанти на вирусот. Постапката на тој начин е забрзана, но и поевтина, бидејќи секвенционирањето е многу поскапо, комплицирано и трае подолго.

Хрватска потврди дека е заинтересирана за купување на руската вакцина „спутник В“, објави синоќа Руската амбасада во Хрватска на својата „Фејсбук“ страница и профилот на „Твитер“.

Амбасадата наведува дека рускиот амбасадор во Хрватска, Андреј Нестеренко и хрватскиот министер за здравство, Вили Берос разговарале вчера на телефон и дека „потврдиле дека хрватската страна е заинтересирана да ја купи потребната количина на вакцината „спутник В“ од Русија, во согласност со сите регулативи и одредби на ЕУ од Законот на Република Хрватска “.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 минути

Во Загреб 25 % од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска,...

Свет36 минути

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирус, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици ширум светот на една...

Европа48 минути

Експлозија во центарот за тестирање од Ковид-19 во Холандија нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување од Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет1 час

Тексас контра Бајден: Ги укина рстрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија17 часа

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија19 часа

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет21 час

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ22 часа

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија23 часа

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа1 ден

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет1 ден

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет1 ден

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Свет2 дена

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет2 дена

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Европа2 дена

(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат...

Свет2 дена

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија2 дена

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија2 дена

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија2 дена

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион2 дена

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Досие