Свет
Либиските власти ги бомбардираат бунтовниците, одат кон Бенгази
Авионите на либиското воено воздухопловство денеска ги бомбардираа бунтовничките сили кои се приближуваат кон Сирт, родниот град на лидерот на Либија, Моамер Гадафи јавува агенцијата АПО, а АФП пренесува дека Гадафи утрово испратил трупи кон главното упориште на бунтовниците, Бенгази.
Авионите на либиското воено воздухопловство денеска ги бомбардираа бунтовничките сили кои се приближуваат кон Сирт, родниот град на лидерот на Либија, Моамер Гадафи јавува агенцијата АПО, а АФП пренесува дека Гадафи утрово испратил трупи кон главното упориште на бунтовниците, Бенгази.
Истовремено се во тек жестоки копнени борби долж брегот. Според извештаите на АП, силите на Гадафи го вратиле под своја контрола градот Бин Џавад, околу 160 километри источно од Сирт.
Новинарите на АП биле сведоци на воздушните напади на бунтовничките сили и жестоките судири на владините сили и нивните противници.
Последните денови, бунтовничките сили се движеа кон запад, кон главниот град Триполи, освојувајќи населби по патот.
Бунтовничките сили кои според АФП, ги сочинуваат младичи без борбено искуство и војници – дезертери од лојалистите на Гадафи, според извештаите вчера го освоија Ран Лануф, а денеска се упатија кон Сирт.
Агенцијата АП толкува дека битката за Сирт би можела да биде одлучувачка во судирите меѓу владините сили и бунтовниците.
Илјадниците приврзаници на лидерот Моамер Гадафи ги преплавија денеска улиците на Триполи, мавтајќи знамиња и пукајќи во воздух.
Околу 2.000 луѓе славеа на улиците, а неколку стотини помина покрај воената база Баб ал Азизија каде живее Гадафи, но се знае дали и сега е таму.
Триполи, главното упориште на Гадафи, пред зори се разбуди во пукања од автоматско оружје, но либиските власти тврдат дека тоа било славење бидејќи владините сили го зазеле нафтеното пристаниште на истокот од земјата, Рас Лануф и западниот град Мисрат.
Жителите на овие два града, меѓутоа тврдат дека кај нив сè уште на власт се бунтовниците. /крај/бета/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три лица затрупани во лавина на глечер во Австрија
Лавина го погоди глечерот Штубај во австриски Тирол утрово, а три лица се затрупани, објави „Кронен цајтунг“.
Почната е спасувачка операција.
Според Рајнхард Клир, раководител на жичницата на глечерот, несреќата се случила во зоната надвор од пистата, во близина на превојот Дауншарте околу 9.30 часот утрово.
„Врз основа на моментните информации, снежните маси делумно стигнале до долниот дел од деветтата патека, која потоа била затворена“, рече Клир.
Двајца делумно затрупани скијачи веќе се спасени.
Забележано е дека неколку скијачи надвор од пистата отвориле воздушни перничиња за лавина.
На терен има неколку хеликоптери за итни случаи, вклучувајќи ги „алпин 2“, „мартин 2“ и „либеле тирол“, како и екипи за планинско спасување од Нојштифт им Штубај и Зелден со кучиња трагачи, пренесува „Танјуг“.
Фото: ЕПА
Свет
Унгарскиот министер: Украина би донела опасност и мафија во ЕУ, земјите од Западен Балкан треба да бидат приоритет
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во Бања Лука повтори дека владата на Виктор Орбан се спротивставува на приближувањето на Украина кон ЕУ. Тој изјави дека единствен приоритет на Унгарија е интеграцијата на земјите од Западен Балкан.
„Европските интеграции звучат како лоша шега ако во Брисел мислат дека Украина е поспремна за членство од Западен Балкан. Земјите од регионот се подготвени и би придонеле економски, а Украина носи само опасност, војна и украинска мафија“, рече Сијарто.
Тој додаде дека стабилноста на Западен Балкан е од клучно значење за националната безбедност на Унгарија и најави продолжување на соработката со Република Српска.
Сијарто требал да допатува во Бања Лука со воен авион, но министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, го забрани летот обвинувајќи ја унгарската влада дека ја поддржува политиката на Милорад Додик, која го доведува во прашање опстанокот на БиХ.
Поради забраната, Сијарто слета со изнајмен цивилен авион.
Свет
Лукашенко до Зеленски: Сега ги имате Одеса и Миколаев, а набргу можете да ги изгубите
Мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп беше набрзина составен, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на маргините на ОДКБ во Киргистан. Во таа пригода тој му се обрати и на Владимир Зеленски.
„Сакам веднаш да кажам – и се надевам дека тимот на Трамп нема да се навреди – беше набрзина составен. Не сакам да кажам дека беше направен преку колена, но беше набрзина составен. Мора да се презентира во лесно сварлива форма. Сè мора да се разработи до метар, километар, до последен детаљ“, рече Лукашенко.
Како што истакна, во средата разговарал за американскиот мировен план за Украина со својот руски колега Владимир Путин. Според него, Путин му презентирал две верзии на планот.
„Владимир Владимирович ми ги презентира и првата и втората верзија, која беше поделена на делови“, рече претседателот на Белорусија.
Тој верува дека нема победници во украинскиот конфликт, а ако има, тоа нема да биде Европската Унија.
„Мораме да ја завршиме оваа војна. Се плашам дека нема да има победник во оваа војна: тоа е катастрофа. Знаете зошто, ако нема. Но, ако има победник, тоа нема да биде Европската Унија ако Америка ги напушти“, рече тој, пренесува „Спутник“.
Тој му се обрати на шефот на киевскиот режим, Владимир Зеленски.
„Ако сакате да ја задржите Украина во нејзините сегашни граници, мора да преговарате, а не да ги торпедирате преговорите“, рече Лукашенко.
„Размислете, почнувајќи од реалната ситуација, како да го зачувате она што го имате. Имате пристап до морето – и до Одеса, која е ваша, и до Миколаев, а тоа може да исчезне во еден момент. Затоа е потребно добро да се измери сè и да се донесе добро осмислена одлука“, додаде белорускиот лидер.
Фото: ЕПА

