Свет
Тенкови го гаѓаат градот Мисрат во Либија

Силите лојални на Моамер Гадафи денеска со тенкови го гранатирале центарот на градот Мисрат, што се наоѓа под контрола на бунтовниците, пренесува агенцијата Франс прес.
Силите лојални на Моамер Гадафи денеска со тенкови го гранатирале центарот на градот Мисрат, што се наоѓа под контрола на бунтовниците, пренесува агенцијата Франс прес.„Тенкови го гаѓаат центарот на градот, а се слушаат пукотници и од автоматско оружје“, изјави преку телефон за АФП жител на градот, кој се наоѓа на 130 километри источно од Триполи.Тој додаде дека населението не е вооружено и доколку меѓународната заедница не интервенира, ќе дојде до „крвопролевање“.„Јасно е дека гадафи објави војна откако претставниците на противниците на неговиот режим формираа Национален совет“, рече истиот извор.Телевизијата „Ал Либија“ лојална на еден од синовите на Гадафи, јави дека провладините сили го освоиле Мисрат.„Тие не го контролираат Мисрат, а доказ за тоа се судирите што во моментот се случуваат во градот“, изјави за АФП очевидец кој не сакаше да му се објави името. /крај/афп/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Ударот врз Иран беше како нападот на Хирошима

Американскиот претседател Доналд Трамп направи споредба меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето на нуклеарните бомби врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година, тврдејќи дека во двата случаи таквите напади успешно ставиле крај на војната, пренесува CNN.
„Не сакам да го користам примерот со Хирошима. Не сакам да го користам примерот со Нагасаки, но тоа во суштина беше иста работа која ja заврши тaa војна“, рече Трамп за време на НАТО-самитот во Холандија.
„Ова ја заврши оваа војна. Ако не го уништивме тоа, ќе продолжевме да се бориме“, додаде тој, говорејќи за нападите врз иранските нуклеарни постројки. Трамп во своето обраќање повтори дека американските напади, според него, го вратиле иранскиот нуклеарен програм назад за децении.
„Мислам дека никогаш повеќе нема да се обидат. Поминаа низ пекол. Им е доста. Последното што сега го сакаат е повторно да збогатуваат ураниум“, рече тој.
Aмериканската војска на 6 август 1945 година фрли нуклеарна бомба на јапонскиот град Хирошима, а три дена подоцна и втора бомба врз Нагасаки. Тоа беше прв и досега единствен случај во историјата кога нуклеарно оружје било употребено во војна.
Се проценува дека во тие два напада загинале најмалку 200.000 луѓе, најголем дел цивили. Јапонија неколку дена подоцна, на 15 август 1945 година, објави безусловна капитулација, со што заврши Втората светска војна во Азија. Историчарите сè уште се расправаат околу оправданоста на нападите, а нивниот разорен ефект остави длабока трага во глобалната безбедносна и политичка историја.
Свет
Нетанјаху: Ова е тежок ден за Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денес е многу тежок ден за народот на Израел откако армијата потврди дека седум припадници на израелските вооружени сили се убиени во борбите во јужниот дел на Појасот Газа.
„Заедно со сите граѓани на Израел, јас и мојата сопруга жалиме и ја чувствуваме болката поради смртта на седуммина наши борци од баталјонот за борбено инженерство, нека почиваат во мир,“, рече Нетанјаху во официјално соопштение. Тој додаде дека израелскиот народ „им испраќа искрено сочувство на семејствата кои ги загубија најскапоцените“.
Како што претходно објави израелската армија, еден офицер и шест војници беа убиени вчера во градот Кан Јунис, на југот на Газа, кога експлозивна направа поставена под нивното возило експлодира и предизвика пожар. Друг војник беше тешко ранет во одделен инцидент.
Минатиот месец израелската армија нареди евакуација на населението од Кан Јунис пред „невиден напад“, пренасочувајќи ги цивилите кон ал-Маваса, крајбрежна област во западниот дел на Газа, каде што беше започната нова фаза од воената офанзива.
Свет
Руте: САД предолго носеа премногу од товарот, тоа се менува денес

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, му рече на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека неговиот притисок довел до историска промена во одбранбената политика на алијансата.
Зборувајќи на самитот на НАТО во Хаг, Руте нагласи дека за време на состанокот ќе бидат донесени „историски и трансформативни одлуки“ што ќе ја направат алијансата „посилна, пофер и посмртоносна“.
„Нашата континуирана посветеност на Член 5, кој гарантира дека нападот врз една членка е напад врз сите, испраќа силна порака“, им рече Руте на светските лидери.
Тој рече дека клучната промена ќе биде зголемување на трошоците за одбрана на земјите-членки на 5% од БДП. Потоа му се обрати на Трамп, кој седеше директно до него.
„Соединетите Американски Држави предолго носеа премногу од товарот. Тоа се менува денес“, рече Руте.
„Драг Доналд, ти ја овозможи оваа промена. Твоето лидерство по ова прашање веќе доведе до дополнителни 1 трилион долари трошоци за одбрана од страна на европските сојузници од 2016 година“, додаде тој.
Трамп, кој со години ги критикува европските членки дека не инвестираат доволно во одбраната, треба да биде задоволен од изјавата на Руте. Зголемувањето на воените трошоци е клучно прашање на неговата агенда за надворешна политика.