Свет
Супербрз воз кој достигнува и до 300 км на час
Јапонците конструираа нов супербрз воз кој достигнува и до 300 километри на час. Јапонскиот железнички магнат „Шинкансен“ работи од 1960 година, а од раководството сега се надеваат дека новиот воз ќе успеат да го продадат и во странство.
Јапонците конструираа нов супербрз воз кој достигнува и до 300 километри на час. Јапонскиот железнички магнат „Шинкансен“ работи од 1960 година, а од раководството сега се надеваат дека новиот воз ќе успеат да го продадат и во странство.Новиот ултра брз воз под името „Хајабуса“ или „Фалкон“ ќе сообраќа од Токио до Аомори.„Ние им нудиме на патниците удобност, сигурност, а не само брзина“- рече директорот на „Источната Јапонска железница“, Мицукаке Оцука.Првото возење на супербрзиот воз доцнела седум минути бидејќи еден патник паднал од платформата во Токио. Возот не се движел во тој момент, а човекот се качил назад на платформата неповреден.Од следната година зелената и сребрената Е5 серија на возови во Јапонија ќе достигнат брзина од 330 километри на час. Патниците кои се богати ќе можат да купат и карти за прва класа во која келнер ќе служи пијалоци и храна, а ќе седат на квалитетни кожни седишта. Најжестока конкуренција на Јапонците во производство на супербрзи возови се Французите, Кинезите и Германците. Во новиот „Хајабуса“ промотивно се возеше и Арнолд Шварценегер за време на неговата посета во Јапонија во септември./крај/ блиц/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

