Свет
Членови на египетската влада положија заклетва

Членовите на новата влада на Египет денеска положија заклетва пред шефот на Врховниот совет на воените сили, Хусеин Тантави.
Членовите на новата влада на Египет денеска положија заклетва пред шефот на Врховниот совет на воените сили, Хусеин Тантави. Како што пренесува агенцијата Франс прес, избрани се вкупно шест министри, меѓу кои се министрите за внатрешни и надворешни работи, правда и култура. Нов премиер на Египет, кој е избран минатата недела е Есам Шараф, тој на функцијата го наследи Ахмед Шафик. Откако по масовните протести, Хосни Мубарак поднесе оставка на претседателската функција, власта во земјата ја презеде војската, која вети демократски реформи и ревизија на Уставот. крај/фп/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Фајзер“: Можеби ќе биде потребна трета доза, ќе мора да се вакцинираме секоја година

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина против Ковид-19 може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и на тој начин да обезбеди подобра заштита од новите варијанти на коронавирусот.
„Веруваме дека третата доза ќе го зајакне имунолошкиот одговор за 10 до 20 пати“, рече Бурла.
Новото истражување ќе ја следи безбедноста и ефикасноста на третата доза кај две возрасни групи. Луѓето од 18 до 55 години ќе учествуваат во едната група, а луѓето од 65 до 85 година во другата група. Тие исто така учествуваа во првичното клиничко испитување на „Фајзер“.
За време на оваа студија, учесниците добија две дози од вакцината во растојание од три недели. Истиот интервал на дозата е оној што моментално се препорачува.
Единечната доза вакцина на „Фајзер“ и “Бионтек“ против коронавирус го намалува бројот на асимптоматски инфекции и може значително да го намали ризикот од пренесување на вирусот, покажаа резултатите од британското истражување.
„Фајзер“ исто така планира да започне со тестирање за да утврди дали модифицираната верзија на вакцината дејствува против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Како што мутира коронавирусот, така и вакцините ќе мора да се менуваат.
Истото се случува и со грипот, кој се менува од година во година, затоа вакцините против грип постојано се подобруваат за да бидат ефективни.
„Секоја година треба да се вакцинирате против грип, така ќе биде и со ковидот. За една година, ќе мора да отидете да се вакцинирате против ковид за да се заштитите една година“, рече Бурла.
Неговите изјави сугерираат дека Ковид-19 ќе остане меѓу нас дури и кога ќе заврши пандемијата. Покрај тоа, ќе бидат потребни дополнителни студии за да се утврди кога е најдобро време за повторно вакцинирање против коронавирус, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Регион
Јанша: Апсурдни се обвинувањата дека ja загрозуваме слободата на медиумите

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја повика Европската комисија да испрати работна група во неговата земја за да ја утврди вистинската состојба во Словенија во областа на демократијата и владеењето на правото, независноста на судството, слободата и медиумскиот плурализам и да се увери дека обвинувањата против неговата владата се апсурдни.
Тој во писмото до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, напиша дека групата на тој начин ќе има увид во државата на демократијата, владеењето на правото и медиумскиот плурализам, нагласувајќи дека Словенија има проблеми со оние делови од демократијата што се поврзани со недовршената транзиција во Словенија, пренесува порталот 24УР.
Јанша се одлучи за писмото откако постапките на неговата влада беа критикувани од повеќе меѓународни организации, но и откако вербално се судри со новинарка од порталот Политико, која пишуваше за позицијата на новинарите во Словенија.
Во писмото Јанша наведува дека слична ситуација се случила пред 2008 година, кога Словенија за првпат претседаваше со Советот на ЕУ и кога 571 словенечки новинар и уредник и пишаа на ЕУ, наведувајќи дека претседателството на Словенија претставува опасност за Унијата.
Свет
Фаучи: Примете ја која било вакцина што ви е достапна

Водечкиот американски експерт за заразни болести д-р Ентони Фаучи изјави дека треба да се прими каква било вакцина против коронавирус што е достапна, без оглед за која станува збор.
Тој за телевизијата „Ен-би-ес“ изјави дека фактот дека и трета вакцина против Ковид-19 ќе биде достапна во САД е само добра вест и дека ќе помогне во контролата на пандемијата. Регулаторното тело на САД вчера објави дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“, која се дава во единечна доза, обезбедува силна заштита од тешката форма на Ковид-19.Се очекува наскоро Американската администрација за лекови (ФДА) да ја одобри.
Фаучи ги предупреди луѓето да не го одолговлекуваат примањето на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ за да чекаат да ја добијат малку поефикасните вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“. Тој рече дека тоа е трка помеѓу вирусот и давањето вакцина на луѓето и дека колку подолго чекате со вакцинацијата, толку е поголема можноста вирусот да развие нова варијанта или мутација.
Американскиот експерт рече дека службениците во јавното здравство се загрижени поради мутациите на вирусот и ја потенцираше важноста од спроведување мерки како што се носење маски и социјално дистанцирање. Најчестиот мутиран вид на коронавирус што се јавува во САД е британскиот. Фаучи рече дека вакцините што се дистрибуираат во САД можат јасно да го сузбијат тој вид.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер