Свет
НАТО деноноќно ќе ја надгледува Либија со AWAKS-и
НАТО одлучи да извршува деноноќно надгледување на територијата на Либија преку електронските системи за следење, вклучувајќи и авиони од типот AWAKS, изјави за време на телефонскиот брифинг со новинарите претставникот на САД во НАТО, Иво Даалдер.
„Беше донесено решение за зајакнат постојан надзор. Тогаш ќе имаме подобра слика за тоа што всушност се случува во овој дел од светот“, рекол Иво Даадлер. Од 15-ти февруари во Либија избувнаа протести со кои се бара повлекување на либискиот водач Моамер ел-Гадафи кој владее со земјата 42 години. Неговиот режим се обидува со употреба на армијата да ги задуши протестите кои прераснаа во вооружен бунт и веќе во раценте на неговите противници се наоѓа добар дел од истокот на Либија. Според меѓународните организации, во судирите на лојалистите на Гадафи и странски платеници со бунтовниците во кои се употребува и артилеријата и авијацијата, досега се загинати повеќе од шест илјади луѓе. Американскиот претседател Барак Обама претходно во понеделникот изјави дека во НАТО се разгледуваат различни опции за преземање на најдобриот одговор на настаните во Либија. Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, изјави дека Алијансата нема намера да интервенира во ситуацијата во Либија, но како одбранбен сојуз и организација за осигурување на безбедноста „презема внимателно планирање во однос секој можен развој на настаните“,Од друга страна , во понеделникот навечер земјите од Персискиот залив бараат забрана за летови над Либија. Арапските монархии во Персискиот залив вечера се изјаснија дека ќе го поддржат Обединетите нации доколку Советот за безбедност реши да воведе зона за забрана на летови над Либија.„Земјите од Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ) бараат од Советот за безбдност на ОН да наптави се како би ги заштитил цивилите во Либија, ако треба и да воведе забрана за летови над оваа земја“ изјави генералниот секретар на оваа регионална организација Абдел Рахман ал-Ати, по состанокот одржан во Абу Даби. Покрај Обединатите Арапски Емирати, во организацијата членуваат Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Оман и Бахреин. Монархиите од Персисикиот залив одлуката ја соопштија во моментот кога Париз и Лондон се обидуваат да добијат поддршка од земјите во регионот за својот предлог – воведување на зона забранета за летови, како би ги спречиле силите лојални на полковникот Гадафи да ги бомбардираат бунтовниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.