Свет
Расте рејтингот на Обама
Според најновото истражување на Универзитетот Квинипак, повеќето Американци американскиот претседател го почитуваат првенствено лично. Кога станува збор за неговата политика, земјата е поделена, вели Питер Браун од тимот кој ја спровел анкетата
„Речиси тројца, на секои четворица Американци или 74 проценти, велат дека им се допаѓа претседателот Обама лично. Но, на само 42 процента им се допаѓа неговата политика. Тоа е мошне голема разлика и се поставува прашањето што ќе биде пресудно за негов евентуален реизбор на наредните избори, однесувањето или политиката?“Обама тврди дека дел од неговата економска политика, на пример, е одговорна за актуелниот позитивен тренд. Според најновиот извештај на Одделот за труд, нивото на невработеност во моментов е под девет проценти, најниско во последниве речиси две години.„Тоа е напредок, но треба да продолжиме да градиме врз овој момент“, вели претседателот.Рејтингот на американскиот лидер во однос на подобрување на пазарот на работна сила се подобри, според резултатите на анкети спроведени изминативе неколку месеци. Според политичките експерти шансите за негов реизбор практично зависат од напредокот во американската економија.Аналитичарот Чарлс Кук за телевизијата Си-Спен изјави дека ситуацијата со работни места е особено битна со наближувањето на претседателската кампања во 2012 година.„Тоа не значи дека републиканскиот кандидат не е важен, но изборите се воедно референдум за актуелниот претседател, број еден, а број два, луѓето гласаат согласно нивните економски интереси“, вели овој експерт.Се очекува неколку претседателски кандидати од редовите на Републиканската партија наредните неколку месеци и официјално да влезат во трката, но засега кампањата се одвива со забавено темпо.Забавеното темпо на кандидатурата за претседател од страна на републиканците некои демократи ја преведуваат како резултат на подобрениот рејтинг на претседателот Обама по најновите анкети. Сепак, многумина републиканци не го прифаќаат тој аргумент. Џон Фортие е политички научен соработник во Американскиот ентерпрајс институт.„Претседателот се подбри од изборите наваму. Рејтингот е поголем. Но не треба да преувеличуваме. Секако дека претседателот е некаде во средина. Секако дека може да победи во моментов, може и да загуби, но тоа не ги плаши републиканците“, вели Фортие.Републиканските групи од интерес и прелиминарни избори нема да започнат се` до почетокот на наредната недела, но неколкумина републикански кандидати уште годинава, почнувајќи од мај, закажаа политички дебати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.
Трамп во петокот изјави дека ќе ги замени царините што ги укина судот со данок од 10% на сите стоки што влегуваат во САД.
Но, сега на „Truth Social“ тој објави дека ова ќе се зголеми на 15%.
Новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и можат да останат на сила само околу пет месеци пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.
Свет
(Видео) Иран се подготвува за војна
Додека Соединетите Американски Држави продолжуваат со значително засилување на военото присуство на Блискиот Исток, Иран презема чекори за да ја демонстрира својата подготвеност за можен конфликт, вклучително со зајакнување на нуклеарните постројки и обновување на фабриките за ракети.
Иранските и американските преговарачи во вторник одржаа индиректни разговори во Женева, кои траеја три и пол часа, но не резултираа со конкретно решение. Иранскиот преговарач Абас Арагчи изјави дека е постигнат договор за „водечките принципи“, додека американскиот потпретседател Џ. Д. Венс рече дека Иран не ги разбира „црвените линии“ поставени од претседателот Доналд Трамп.
Сателитските снимки покажуваат дека Иран активно ги зајакнува своите воени бази и нуклеарни објекти. Во текот на последните месеци беа обновени клучни ракетни објекти, воздухопловни бази и фабрики за цврсто гориво, а повеќе нуклеарни постројки се покриваат со бетон и земја за да бидат заштитени од евентуални воздушни напади.
Satellite images show Iran building concrete shields over a sensitive military site, fortifying entrances at a location reportedly bombed by Israel in 2024 near Natanz amid tensions with the US.
Read more: https://t.co/XTuPAmV7CI pic.twitter.com/hGlv7rCEeC
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) February 18, 2026
Иран, исто така, го зајакна управувањето со воената структура, формирајќи нов Комитет за одбрана и назначувајќи воени ветерани на важни позиции, додека внатрешните протести беа брутално задушени.
Во меѓувреме, земјата одржа поморски воени вежби и демонстрации на моќ, вклучувајќи затворање делови од Ормутскиот теснец и заеднички операции со Русија, испраќајќи порака дека евентуална војна со САД би била тешка и скапа.
Експертите предупредуваат дека Иран брзо ги обновува своите ракетни и нуклеарни програми и дека конфликтот би бил комплициран и со висок ризик за сите страни.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.

