Свет
Нови воздушни напади во Либија
Во Либија утрово продолжуваат воздушните напади на силите на Моамер Гадафи врз бунтовниците, а САД и сојузниците на НАТО се сè поблиску до донесување на воен одговор на ескалацијата на судирите во Либија.
Во Либија утрово продолжуваат воздушните напади на силите на Моамер Гадафи врз бунтовниците, а САД и сојузниците на НАТО се сè поблиску до донесување на воен одговор на ескалацијата на судирите во Либија.
Агенцијата Асошиејтед прес наведе дека НАТО се реши за засилено надгледување од воздух , додека САД сигнализираат за можност вооружено да им помогнат на противниците на режимот на Гадафи.
Франција и Велика Британија подготвуваат нацрт резолуција во ОН за воведување зона за забрана на летовите над Либија.
„Сакам да им испратам јасна порака на оние околу полковникот Гадафи дека на нив е одлуката како ќе се однесуваат понатаму. Ќе се сметаат за одговорни за секое насилство кое ќе се случи“, рече американскиот претседател Барак Обама, пренесе АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Бебе загина во пожар, пожарникарите успеале да ги спасат мајката и трите деца во Призрен
Едногодишно дете загина денес во пожар што избувна во станбена зграда во центарот на Призрен. Мајката на детето и уште три деца се спасени и се надвор од животна опасност. Главниот обвинител на Основното обвинителство во Призрен, Петрит Криезиу, изјави дека во моментот на пожарот, мајката и четирите деца спиеле во куќата.
„Денес, 30 декември, околу 10 часот наутро, добивме информација за пожар во кој горела куќа во центарот на градот, во близина на Домот на културата. За жал, имаме еден смртен случај. Мајка и нејзините четири деца биле во куќата. Три деца се спасени, додека едно дете, старо околу една година, починало“, рече Криезиу.
Според него, полицијата, пожарникарите, истражителите, противпожарните експерти и дежурниот обвинител веднаш по пријавата излегле на терен. Пожарот е ставен под контрола, но истрагата е сè уште во тек, бидејќи се собираат материјални докази што би можеле да фрлат светлина врз причината за пожарот.
– Пожарот сè уште не е целосно изгаснат за да можат да се извршат сите потребни вештачења. На лице место сè уште се собираат докази, а сите надлежни институции работат на утврдување на точните околности на овој трагичен настан – рече Криезиу.
Тој нагласи дека засега нема индиции дека пожарот е намерно предизвикан, но дека е прерано да се носат конечни заклучоци.
– До овој момент, не се сомневаме дека пожарот е намерно предизвикан. Може да има различни причини, но истрагата е во тек и само по вештачењето ќе можеме да зборуваме со сигурност – додаде тој.
Главниот обвинител потврди дека трите деца што беа спасени се надвор од животна опасност и изрази сочувство до семејството на жртвата.
Свет
Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес потврди дека води разговори со американскиот претседател Доналд Трамп за евентуално распоредување на американски трупи во Украина, но нагласи дека конечната одлука ќе зависи исклучиво од Вашингтон.
На прашањето дали Соединетите Американски Држави, во рамките на безбедносните гаранции, размислуваат за распоредување на своите сили во Украина, на линијата на демаркација или на границата, Зеленски изјави дека таквата одлука може да ја потврди само претседателот на Соединетите Американски Држави, објави Укринформ.
„Тоа, искрено, може да го потврди претседателот на Соединетите Американски Држави.
Станува збор за американски трупи и Америка е таа што носи такви одлуки.
Секако, за ова разговараме со претседателот Трамп и со претставници на Коалицијата на волјата“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека Украина би сакала да види американски трупи на нејзина територија како дел од безбедносните гаранции, оценувајќи дека тоа би претставувало силен дел од системот на безбедносни гаранции.
Свет
Французите се најголемите песимисти за состојбите во 2026 година
Мнозинството испитаници ширум светот очекуваат подобрување на општата состојба во 2026 година, меѓутоа, од 30-те земји анкетирани од Ипсос, Франција се издвојува како најпесимистичка, односно 71 процент од испитаниците ширум светот веруваат дека општата состојба ќе се подобри следната година, додека само 41 процент од француските граѓани го делат ова мислење, што е за 30 проценти под просекот.
Истражувањето, објавува Фигаро, покажува дека две третини од испитаниците ширум светот (66 проценти) веруваат дека 2025 година била лоша година за нивната земја, додека тој процент во Франција достигнува 85 проценти, што Ипсос го поврзува со силни политички турбуленции.
Сепак, овие резултати се подобри отколку во 2020 година, првата година од пандемијата на Ковид-19, кога 90 проценти од испитаниците на глобално ниво сметале дека годината била лоша за нивната земја.
Околу 59 проценти од анкетираните ширум светот очекуваат протести против начинот на кој се управува со земјата во 2026 година, додека речиси седум од десет Французи го сметаат ова сценарио за веројатно.
Загриженоста за безбедноста е поизразена и во Франција, каде што 41 процент од испитаниците веруваат дека е можен терористички напад, во споредба со 29 проценти во другите земји.
Кога станува збор за глобалната економија, 49 проценти од анкетираните очекуваат нејзин посилен раст во 2026 година, додека во Франција тој процент е значително помал и изнесува 17 проценти.
Според анкетата на Ипсос, Французите се особено загрижени за влијанието на вештачката интелигенција, бидејќи 73 проценти се плашат дека таа би можела да доведе до губење на работни места, додека само 30 проценти веруваат дека ќе создаде нови работни места.
Песимизмот, истакнува парискиот весник, е изразен и во однос на меѓународните прашања, каде што 65 проценти од Французите не очекуваат војната во Украина да заврши во 2026 година, во споредба со 49 проценти од испитаниците во други земји.
Анкетата, исто така, покажува дека 72 проценти од Французите сметаат дека е малку веројатно американскиот претседател Доналд Трамп да ја освои Нобеловата награда за мир, што е над светскиот просек од 64 проценти.
Околу 40 проценти од испитаниците во Франција велат дека сакаат помалку да ги користат социјалните мрежи, што Ипсос го толкува како растечка свест за негативните ефекти од прекумерната изложеност на социјалните мрежи врз менталното здравје, пренесува Танјуг.
Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада во 2026 година, е планирано да го гледаат 49 проценти од Французите, додека интересот е многу поголем во Аргентина, каде што 73 проценти од граѓаните имаат намера да ги гледаат натпреварите, а 87 проценти веруваат дека нивната репрезентација може повторно да ја освои титулата.
Во анкетата учествуваа 23.700 возрасни лица од 30 земји, кои ја оценија годината на крајот и ги изразија своите очекувања за 2026 година.

