Свет
Уапсени над 40 лица во акција против мафијата

Вкупно 41 лице е уапсено при операција против калабриската мафија Ндрангета во Италија, Германија, Канада и Австралија, пренесува агенцијата Анса.
Вкупно 41 лице е уапсено при операција против калабриската мафија Ндрангета во Италија, Германија, Канада и Австралија, пренесува агенцијата Анса.
Меѓу уапсените е и поранешниот градоначалник на австралискиот град Старлинг, Тони Валепонга.
Шест луѓе се уапсени во Германија и петмина во Канада и Австралија.
Уапсените се сомничат за извршување на грабежи, убиства, трговија со дрога, рекет, перење на пари и незаконско поседување на оружје и експлозиви. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија се откажа од вакцинацијата според приоритети поради малиот одѕив

Бугари од сите возрасти, некои на возраст од 20 години, чекаат во долги редици пред болниците откако владата дозволи да се вакцинираат сите граѓани, бидејќи се пријавиле малкумина од приоритетните групи. Помалку од една третина од луѓето од приоритетните групи одлучиле да се вакцинираат.
Бугарската влада затоа објави дека некои болници ќе почнат да ја даваат вакцината на „Астразенека“ на секој што сака.
Одлуката за откажување на списоците со приоритети е донесена откако земјата забележа најниска стапка на вакцинација во Европската Унија, главно поради загриженоста на граѓаните за несакани ефекти и растечката недоверба кон владата и нејзините институции.
Во две одделни истражувања објавени минатата недела од институтите „Галуп“ и „Алфа рисерч“, 48 и 52 проценти од испитаниците изјавиле дека нема да се вакцинираат.
Европа
Париз би можел да се затвори на три недели

Француските власти размислуваат за тринеделно затворање на Париз со цел да се потисне ширењето на коронавирусот.
Првиот заменик-градоначалник на Париз, Емануел Грегоар, објави дека до француската влада ќе достави план со кој се пропишува превентивно тринеделно затворање на главниот град, со цел подоцна да се создадат услови за повторно отворање на сите места, вклучително и барови, ресторани и театри.
Како и во остатокот од земјата, во Париз е во сила ноќен полициски час од 15 декември, а рестораните и културните институции, како и на други места во Франција, се затворени со недели за да се спречи ширењето на инфекцијата.
Францускиот премиер Жан Кастекс претходно изјави дека владата ќе воведе мерки, вклучително и затворање за време на викендот во Париз и уште 19 други региони од почетокот на март, доколку епидемијата со коронавирусот продолжи да се шири.
Европа
Меркел: Вакцините на „Астразенека“ се безбедни, но јас нема да се вакцинирам со неа

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германската канцеларка Ангела Меркел призна дека луѓето ја одбиваат вакцината на „Астразенека“ затоа што се загрижени за ефективноста и безбедноста на вакцината, што пак е последица на лошиот публицитет.
„Има проблем со прифаќањето на вакцината на ‘Астразенека’. Тоа е сигурна вакцина, безбедна и ефикасна. Одобрена од ЕМА, а во Германија се препорачува за лица под 65 години. Сите релевантни органи ни велат дека ова е вакцина на која можеме да и веруваме. Во време кога нема доволно вакцини, не можеме да избереме со што ќе се вакцинираме“, рече Меркел во едно интервју.
На прашањето дали самата ќе биде вакцинирана со „АстраЗенека“, Меркел одговори: „Имам 66 години и не спаѓам во групата на која и беше препорачано да се вакцинира со ‘Астразенека’“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер