Свет
Пакистанските талибани ја презедоа одговорноста за експлозијата во Фајсалабад
Милитантна група Техрик-е Талибан-е Пакистан (Движење на талибаните на Пакистан) ја презеде одговорноста за експлозијата во пакистанскиот град Фајсалабад, во која загинаа најмалку 32 лица, а бројката повредени надмина 125 лица, јавува телевизијата DawnNews, цитирајќи полициски извори.
Милитантна група Техрик-е Талибан-е Пакистан (Движење на талибаните на Пакистан) ја презеде одговорноста за експлозијата во пакистанскиот град Фајсалабад, во која загинаа најмалку 32 лица, а бројката повредени надмина 125 лица, јавува телевизијата DawnNews, цитирајќи полициски извори.Како што соопштува телевизијата, самонаречениот официјален претставник на пакистанските талибани кој се појавува како нивен портпарол, Ахсанула Ахсан, изјавил дека целта на експлозијата билa канцеларијата на пакистанската служба за размена на информации меѓу службите – Inter-Services Intelligence (ISI).Според пакистанските медиуми, автомобил-бомба експлодираше во вторникот во градот Фајсалабад, во северот-источната провинција Пенџаб. Автомобилот-бомба бил паркиран на бензинската станица во близина на комплекс од владини објекти.Во експлозијата била тешко оштетена бензинската пумпа, како и канцеларијата на националниот авиопревозник PIA и зградата на ISI. „Не станува збор за самоубиствени напади, туку за експлозивна направа“, изјави за пакистанските медиуми, градскиот полицискиот комесар Хусеин Тахир, пренесува Associated Press.Сепак, според извештаите на медиумите кои се повикуваат на полициски извори, полицијата во Фајсалабад во целост не ја отфрли верзијата за бомбаш-самоубиец.Претходно беше објавено дека експлодирал резервоар со течен гас. Меѓутоа, подоцна се појавија извештаи дека експлозиите се случиле откако припадник на обезбедувањето на владините објекти отворил оган врз автомобил-бомба со кој бомбашки-самоубијци се обиделе да навлезат во комплексот. Извори во локалната полиција изјавија дека обезбедувачот успеал да задржи еден од терористите, наводно, вклучен во нападот, кој бил повреден и хоспитализиран. Пакистан последната година е зафатен од бран насилство, а нападите претежно се насочени кон припадниците на безбедносните сили и претставници на федералните властиОд јули 2007 г., кога беше извршен крвав напад на милитантите во џамија во главниот град Исламабад, се интензивираа овие напади, а околу четири илјади лица се убиени во експлозии, самоубиствени бомбашки напади и напади со огнено оружје, за што се обвинети припадници на пакистанското талибанско движење и борци на Ал Каеда.Во саботата сличен напад на радикалните исламистички структури беше извршен и во најнаселениот пакистански град Карачи.Градот Фајсалабад е во близина на родното место на пакистанскиот министер за религии Шахбаз Бахти, христијанин по вероисповед, кој се противеше на воведувањето на строгите исламски закони за богохулење, а беше погребан минатиот петок. Неговото убиство предизвика гнев кај политичката елита во Пакистан и остри реакции и загриженост кај меѓународната заедница во врска со неконтролираното насилство од милитантите и зголемувањето на екстремизмот во оваа нуклеарно вооружена земја, кој станува се понервозен сојузник во американската војна во Авганистан./крај/дн/ап/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија одбива да испрати војници во Украина од страв од Трета светска војна
Додека Велика Британија и Франција најавија можност за испраќање копнени сили во Украина во рамки на потенцијална мировна мисија, Германија зазема значително повнимателен став. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Бундесверот би бил распореден исклучиво на територијата на НАТО земјите што граничат со Украина, со цел поддршка на евентуално примирје, пренесува „Телеграф“.
Мерц појасни дека Германија ќе учествува во надзор на прекинот на огнот и во зајакнување на Украина, но без германски војници да стапнат на украинска територија. Иако под негово водство Германија започна со зајакнување на армијата и најави изградба на најсилната конвенционална војска во Европа, ваквиот став покажува воздржаност.
Причините, според анализата, се поврзани со германската внатрешна политика и уставните ограничувања по Втората светска војна. Секое испраќање војници во странство мора да биде одобрено од Бундестагот, а Мерц има тесно парламентарно мнозинство, што ваква одлука ја прави политички ризична.
Дополнителен фактор е и силниот отпор што би доаѓал од повеќе партии, вклучително и Социјалдемократите, кои традиционално се попретпазливи кога станува збор за воени ангажмани и провоцирање на Русија. Присутно е и историското бреме од можноста германски војници повторно да се најдат во конфликт со Русија.
Свет
Макрон и Штајнмаер со критики кон САД: Светот оди кон поделба на сфери на влијание
Францускиот претседател Емануел Макрон во своето годишно обраќање за надворешната политика ја критикуваше администрацијата на Доналд Трамп, обвинувајќи ги САД дека го поткопуваат глобалниот поредок заснован на правила. Тој оцени дека САД, како етаблирана сила, сè повеќе се оддалечуваат од дел од своите сојузници и се откажуваат од меѓународните правила што порано ги промовирале.
Макрон предупреди дека светот се движи кон поделба на сфери на влијание, во која големите сили настојуваат да доминираат, посочувајќи дека САД ја зајакнуваат својата улога во западната хемисфера. Иако директно не ги спомена Венецуела и Гренланд, тој ја обвини американската политика за кршење на правилата во трговијата и безбедноста, што предизвикува сериозна загриженост во Париз.
Критики упати и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој оцени дека светот не смее да се претвори во дувло на разбојници во која најбескрупулозните земаат што сакаат. Тој истакна дека глобалната демократија никогаш не била толку загрозена и предупреди на, како што рече, „слом на вредностите“ кај најважниот партнер на Европа – САД.
Фото:Depositphotos
Свет
Орбан: Од Брисел пристигна декрет, крајно е застрашувачки што бараат од нас
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украина бара од Европската Унија дури 800 милијарди долари во следните десет години, што, според него, би имало сериозни социјални последици за Унгарија. Орбан тврди дека оваа сума би можела да ги исплати пензиите во Унгарија во следните 40 години, а сите семејни бенефиции дури 60 години.
Во објава на социјалните мрежи, Орбан изјави дека украинскиот премиер Володимир Зеленски сака да ги добие овие пари од Брисел, додека Брисел, како што тврди, планира да го префрли товарот на земјите-членки на Европската Унија, вклучително и на Унгарија.
Орбан откри дека на вчерашната седница на унгарската влада бил слушнат извештајот на министерот за европски прашања Јанош Бока, во кој детално е објаснето како Брисел ќе ги распредели бараните 800 милијарди долари и од кои извори ќе се обезбедат средствата.
„Толку значат тие 800 милијарди долари што украинскиот премиер сака да ги извлече од Брисел. И тие го сакаат тоа од нас. На вчерашната владина седница го слушнавме извештајот на Јанош Бока за тоа како Брисел ќе ги распредели тие 800 милијарди долари и од кои извори ќе се обезбедат средствата. Резултатот е исклучително застрашувачки“, рече Орбан.
Според него, таканаречените „бриселски декрети“ за Унгарија би значеле укинување на 13-тата и 14-тата пензија, постепено укинување на семејните бенефиции и воведување прогресивен данок на доход, што дополнително би ги оптоварило унгарските даночни обврзници.
„Сето ова за да има што да се плати за украинските режиски трошоци“, додаде унгарскиот премиер.
Орбан рече дека Унгарија го отфрла таквото сценарио и најави дека извештајот на министерот Бока ќе биде објавен во целост.
„Па, тоа е она со што ние, Унгарците, не се согласуваме. Ќе го објавиме извештајот на министерот Бока затоа што унгарските семејства имаат право да знаат каков план Брисел сака да им наметне“, рече Орбан.
Тој додаде дека унгарските граѓани ќе можат да избираат „помеѓу патот на Брисел и патот на мирот“ на парламентарните избори во април.
фото/депозитфотос

