Свет
Вацлав Хавел хоспитализиран поради респираторни проблеми

Поранешниот чешки претседател, Вацлав Хавел, денеска е хоспитализиран во Прага поради сериозни респираторни проблеми, извести неговата секретарка, Сабина Танцевова.
Поранешниот чешки претседател, Вацлав Хавел, денеска е хоспитализиран во Прага поради сериозни респираторни проблеми, извести неговата секретарка, Сабина Танцевова.„За жал, морам да ја потврдам оваа информација. Господин Хавел страда од тежок бронхитис“, изјавила Танцевова.Сегашниот здравствен проблем на познатиот драматург и херој на чешката Баршунасата револуција од 1989 година е последица од лошо лекувано воспаление на дробовите за време на неговиот престој во затвор во осумдесеттите години, како и од подоцна дијагностицираниот рак на белите дробови./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Словенија се подготвува за масовна имунизација во март и покрај недостигот на вакцини

Словенија ќе овозможи масовна вакцинација против Kовид-19 во март, изјави денеска во Љубљана, координаторот на Владата за вакцинација, Јелко Кацин и најави дека утре пристигнуваат уште 24.000 дози од вакцината на „Астра зенека“.
Тој изјави дека Словенија има уште 15.000 дози во резерва и дека покрај утрешната испорака, очекува уште 40.000 дози на почетокот на следната недела.
„Ние сме организирани така што можеме да вакцинираме 500.000 до 600.000 луѓе месечно, што значи околу 30.000 секој работен ден“, рече Кацин.
Сепак, Хина објави дека, поради недостаток на вакцини, околу 240.000 граѓани ќе можат да се имунизираат во март.
Следната недела, според владиниот план, наставниците и воспитувачите во училиштата и градинките ќе бидат вакцинирани, што е приоритет со оглед на претстојното отворање на средните училишта.
Кацин оцени дека вакцината на „Астра зенека“, која ќе пристигне во поголеми количини, е многу ефикасна и безбедна и дека граѓаните се заштитени од болеста девет месеци по примањето на втората доза.
Европа
Џонсон: Го осудивме убиството на Кашоги, повикуваме на истрага

Велика Британија го осуди убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и продолжува да бара целосна истрага за неговата смрт, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.
Тој зборуваше на прес-конференција во Лондон, на која беше запрашан дали Велика Британија ќе ја прекине продажбата на оружје на Саудиска Арабија поради конфликтот и хуманитарната криза во Јемен, каде што саудиската коалиција се бори против јеменските бунтовници на страната на меѓународно признатата влада.
Џонсон истакна дека Велика Британија го почитува долгогодишниот пакет правила и конвенции за продажба на оружје.
Регион
Во Србија повторно повеќе од 4.000 новозаразени со коронавирус, 16 починати

Според последните податоци, коронавирусот е потврден кај 4.056 граѓани на Србија, а биле тестирани 16.175 примероци. Уште 16 лица починале како резултат на заразата.
Во моментов има 161 пациент на апарати за дишење.
Вкупниот број на смртни случаи е 4.491. Стапката на смртност е 0,96 проценти.
Од ден на ден расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од ковид. Во изминатите неколку дена, најмногу новозаболени има во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Кралево и Врање.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер