Свет
Убиени четворица демонстранти во Брегот на Слоновата Коска

Четири лица се убиени во главниот град на Брегот на Слоновата Коска, Абиџан, по маршот во знак на протест поради убиството на седум жени демонстрантки минатата недела, јавува Би Би Си.
Четири лица се убиени во главниот град на Брегот на Слоновата Коска, Абиџан, по маршот во знак на протест поради убиството на седум жени демонстрантки минатата недела, јавува Би Би Си.Новинарите ги виделе телата на тројца мажи и една жена во амбуланта во градот.За престрелката се обвинуваат непринципиелни армиски офицери кои го поддржуваат претседателот Лорен Гбагбо кој не са сомнителен начин дојде на власт.Тој одбива да ја отстапи власта,иако неговиот ривал Алашане Оуатарa е меѓународно признат како победник на изборите од матата година./крај/ббц/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Австрискиот министер за здравство: Имаме пандемија во пандемија

Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер, по повод зголемениот број новозаразени и сѐ повеќе случаи на нови видови, предупреди на опасноста од пандемија во пандемија.
За само неколку недели, британскиот вид стана доминантен во Австрија, бидејќи го потисна претходниот вид, кој во петтата недела од оваа година „држеше“ удел од 61,5 проценти, а во осмата недела „само“ 36,3 проценти.
Во меѓувреме, британскиот вид е причина за заболувања од коронавирус во 58,4 проценти од случаите во Австрија.
„За Австрија, доминантноста на британскиот вид не е добра вест. Тој е позаразен од основниот вирус, и тоа, во Австрија, за 23 проценти“, нагласи тој.
Аншобер истакна дека сега е важно да се почитуваат мерките за да, и покрај доминацијата на британскиот вид, се помине добро низ кризата до Велигден.
„По Велигден ќе биде полесно, бидејќи поради повисоките температури, граѓаните ќе поминуваат помалку време во затворени простории, а ќе се постигне и поголема стапка на вакцинација на населението“, објасни тој.
Регион
Снимка од полициско насилство поради кршење на мерките поттикна големи нереди во Грција

Во предградијата на Атина во неделата избувнаа судири меѓу полицијата и граѓаните по бруталната интервенција на полициските службеници за да се провери дали граѓаните ги почитуваат епидемиолошките мерки, што предизвика бран незадоволство во земјата.
Полицијата употреби солзавец за да растера скоро 500 луѓе кои во неделата попладне беа собрани на плоштадот Неа Смирни, во јужното предградие на грчката престолнина, во знак на протест против инцидент што се случил претходно истиот ден.
На снимките од попладневните часови на истото место се гледа како полицаец со палка безмилосно тепа момче.
Се слуша и младиот човек како лелка од болка додека пак минувачите се згрозени од полициската акција.
Полицијата соопшти дека испратиле патрола со мотоцикли на плоштадот Неа Смирни попладне за да проверат дали се почитуваат мерките за контрола на коронавирусот, додавајќи дека добиле голем број извештаи за непочитување на тоа место.
Полицијата додаде дека во тие моменти нејзините припадници биле нападнатти од околу 30 лица, при што биле повредени двајца полицајци. Уапсени се единаесет лица.
Од грчкото МВР исто така соопштиле дека спроведуваат внатрешна истрага за полицаецот кој бил снимен како го удира момчето.
Грчките власти во неделата пријавија 1.142 нови случаи на коронавирус и 53 починати, со што бројот на смртни случаи достигна 6.758 од почетокот на пандемијата.
Регион
Словенија ги отвора кафулињата, рестораните и средните училишта во пробен период од седум дена

Од денес, кафулињата и рестораните во два региона, во Посавје и на југоисток од Словенија, ќе можат да работат нормално во пробен период што ќе трае седум дена.
Словенија е во портокалово ниво на ограничувачки мерки, но овие два региона минатата недела, поради падот на бројот на заразени, преминаа во поблага, жолта зона, во која на кафулињата и на рестораните им е дозволено да обезбедуваат услуги на отворено, пренесе агенцијата СТА.
Гостите ќе можат да се опслужуваат од 06:00 до 19:00 часот и ќе треба да ги напуштат објектите до 19:30 часот.
Доколку бројот на заразени се зголеми или инспекцијата утврди кршење на мерките, владата повторно ќе ги затвори кафулињата и рестораните.
Муштериите ќе мора да носат маски, освен кога седат на маса, кога пијат или јадат, а вработените нема да можат да ги симнуваат заштитните маски на работа и ќе мора да се тестираат за ковид еднаш неделно.
Лицата кои биле превакцинирани и поранешни ковид-пациенти се ослободени од правилата за тестирање.
Денеска ќе бидат отворени и средните училишта, така што едната група ученици ќе доаѓаат во образовните институции, другата половина ќе следи часови на интернет од дома и тоа ќе се менува, при што група ученици кои одат на училиште треба да носат заштитни маски.
Државата ќе започне да ги вакцинира наставниците постари од 50 години, но тие ќе мора да се тестираат еднаш неделно.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“