Свет
Белата куќа за продолжување на обновување на односите со Русија
Белата куќа ги цени резултатите на обновување на односите со Русија и посакува и понатаму да се оби по тој пат, изјави за Итар-Тас американскиот потпретседател Џо Бајден. Бајден ова го изјави пред почетокот на неговата официјална посета на Москва.
Белата куќа ги цени резултатите на обновување на односите со Русија и посакува и понатаму да се оби по тој пат, изјави за Итар-Тас американскиот потпретседател Џо Бајден. Бајден ова го изјави пред почетокот на неговата официјална посета на Москва. За руската државна агенција тој изјави дека за него и претседателот Барак Обама обновувањето на односите со Москва е „еден од највисоките приоритет“, како и дека продолжение на овој процес и една од задачите кои ги добил од Обама. Истакнувајќи дека актуелната состојба на меѓусебните односи овозможува директно и отворено да се разгледаат сите спорни прашања, Бајден рече дека Москва и Вашингтон „нема секогаш да бидат согласни околу сите прашања“, и како пример ги наведе „разликите по повод територијалните граници на Грузија“. Потпретседателот на САД изјави дека договор на двете земји за противракетна одбрана би бил најдобар пат за зацврстување на довербата и стратешката стабилност. Кога станува збор за приклучувањето на Русија кон Светската трговска организација, Бајден истакна дека Белата куќа верува дека Русија има шанса процесот за зачленување да го заврши во текот на оваа година. Џо Бајден вечерва ќе се сретне со претседателот Дмитриј Медведев, предходно во текот на денот, во американската амбасада во Москва ќе има работен ручек со американските бизнисмени, а потоа во „Сколково“ ќе има средба со руските стопанственици. Во четврток Бајден ќе се сретне со премиерот на Русија, Владимир Путин. крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

