Свет
Силите на Гадафи го бомбардираат нафтеното пристаниште Рас-ал-Ануф
Либиската воена авијација денеска презема нова серија напади врз стратешки важното нафтено пристаништето Рас-ал-Ануф во источниот дел од земјата, јавува катарската сателитска телевизија „Ал Џезира“ (Аl Jazeera).
Либиската воена авијација денеска презема нова серија напади врз стратешки важното нафтено пристаништето Рас-ал-Ануф во источниот дел од земјата, јавува катарската сателитска телевизија „Ал Џезира“ (Аl Jazeera).Според очевидци, еден од воздушните напади е извршен во област којашто се наоѓа само неколку километри од големата рафинерија во Рас-ал-Aнуф. Сведоците, исто така, тврдат дека во бомбардирањето целосно е уништен еден објект, но нема информации за евентуални жртви.Во средата, воздушните сили лојални на Гадафи го бомбардираа нафтениот терминал Ес-Садр во близина на Рас-ал-Aнуф, при што беа оштетени нафтени постројки.Од 15-ти февруари во Либија изби масовен народен бунт против режимот на Моамер ел-Гадафи кој владее со земјата повеќе од четири децении. Според меѓународните организации, во судирите меѓу силите лојални на Гадафи засилени со африкански платеници и бунтовничките сили досега загинале повеќе од шест илјади луѓе. Либија е, всушност, поделена на територија што ја контролира режимот на Гадафи, западниот дел, и источните региони коишто ги контролираат бунтовниците кои формираа Националниот совет кој се прогласи за единствен легитимен орган во земјата.Последните неколку дена, силите на Гадафи го засилија воениот притисок врз бунтовниците во неколку области во источниот дел./крај/аџ/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прво огласување на кралот Чарлс по апсењето на Ендру
Британскиот крал Чарлс се огласи по апсењето на својот брат и поранешен принц Ендру.
„Со најдлабока загриженост ја примив веста за поранешниот принц Ендру Маунтбатен Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и правилен процес за соодветно истражување на ова прашање и од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков, тие ја имаат нашата целосна и безусловна поддршка и соработка. Да бидам јасен: законот мора да си го направи своето. Додека овој процес продолжува, не би било соодветно да коментирам понатаму. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да ви служиме на сите вас. Чарлс Р.“, изјави тој.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.

