Свет
Путин му предложи на Бајден „историски чекор“
Рускиот премиер Владимир Путин на отворањето на средбата со американскиот заменик-претседател Џозеф Бајден, понуди да се направи историски чекор во односот меѓу двете земји и да се воведе безвизен режим меѓу Русија и САД.
Рускиот премиер Владимир Путин на отворањето на средбата со американскиот заменик-претседател Џозеф Бајден, понуди да се направи историски чекор во односот меѓу двете земји и да се воведе безвизен режим меѓу Русија и САД. „Ние сме во активни преговори за воведување безвизен режим со европските земји. САД со овие земји, речиси со сите, исто така имаат безвизен режим. Ако САД и Русија се договорат меѓу себе за воведување безвизен режим пред ова да го сториме со ЕУ, тоа ќе претставува историски чекор во развојот на руско-американските односи“, ја цитира изјавата на рускиот премиер Владимир Путин, РИА Новости. „Тоа е добра идеја“, одговорил американскиот потпретседател Џозеф Бајден. „Ако вие така позитивно одговоривте на мојот предлог, вашиот збор, како еден од лидерите на сегашната администрација која што има влијание во Конгресот, ќе биде многу значаен за нас“, реплицира Путин. Според рускиот премиер, еден таков потег ќе ги урне сите стари стереотипи во односите меѓу Русија и САД. „Ние би свртеле една многу важна страница од нашето минато и би почнале се одново“, додал рускиот премиер. На самитот Русија – Европска унија, одржан на крајот од мај и почетокот на јуни минатата година, Русија го поднесе предлог-договорот за воспоставување безвизен режим со земјите членки на ЕУ. Меѓутоа, на последниот декемвриски самит, двете страни не успеаја да се договорат за заеднички чекори за преземање мерки за детекција на проблемите и нивно надминување врзани со безвизниот режим./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар
Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар.
Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот.
Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее да располага со балистички ракети насочени кон регионот и повика на дипломатско решение.
Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран, но премиерот Кир Стармер во неделата дозволи САД да ги користат британските бази за одбранбени напади врз ирански ракетни системи. Владата нагласи дека базите не смеат да се користат за напади врз политички или економски цели во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од одложувањето на британската одлука. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека од безбедносни причини се преместуваат семејствата на персоналот од базата.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos

