Свет
Илиноис: Укината смртната казна

Илиноис е шеснаесеттата американска сојузна држава која ја укина смртната казна, откако гувернерот Пет Квин го потпиша законот, кој во јануари го изгласа државниот конгрес.
Илиноис е шеснаесеттата американска сојузна држава која ја укина смртната казна, откако гувернерот Пет Квин го потпиша законот, кој во јануари го изгласа државниот конгрес. Предходно во Илиноис единаесет години на сила беше мораториум за извршување на смртната казна, кој го воведе тогашниот гувернер, Џорџ Рајан. На ваков чекор Рајан се решил, откако во 90-те години на минатиот век, 13 луѓе по грешка биле осудени на смрт. На повторените судења сите тие добиле ослободителна пресуда. Во државата Илиноис пред потпишувањето на законот од страна на гувернерот Квин на извршување на смртната казна чекале 15 лица. Нивната казна е преименувана во доживотна робија без право на помилување. Последната смртна казна во Илиноис е извршена во 1999 година. крај/новости/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Потврдено префрлувањето на Навални во затвор надвор од Москва

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е префрлен во казнена колонија каде што треба да издржи казна затвор од две и пол години, изјави шефот на затворската служба Александар Калашников.
„Тој е префрлен на местото каде што треба да биде според одлуката на судот“, рече Калашников, додавајќи дека нема закани по неговиот живот или здравјето.
Адвокатот на Навални вчера изјави дека рускиот опозиционер е пренесен во затвор надвор од Москва.
Руските медиуми претходно навестија дека Навални, кој беше во најстрого чуваниот затвор во Москва, ќе биде префрлен во објект во западна Русија.
Москва не ја послуша пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со кој им се нареди на руските власти да го ослободат Навални, наведувајќи ги како причина ризиците во затворот за неговиот живот.
Навални (44), најпознатиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше уапсен на 17 јануари, веднаш по враќањето од Германија, каде закрепнуваше пет месеци од труењето за кое го обвинува Кремљ.
Руските власти ги отфрлаат овие тврдења и го обвинуваат Навални за соработка со западните разузнавачки служби.
Во февруари, судот во Москва го осуди Навални на две и пол години затвор под обвинение дека ја прекршил условната казна додека бил во Германија каде што закрепнувал од труење.
Свет
„Фајзер“: Можеби ќе биде потребна трета доза, ќе мора да се вакцинираме секоја година

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина против Ковид-19 може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и на тој начин да обезбеди подобра заштита од новите варијанти на коронавирусот.
„Веруваме дека третата доза ќе го зајакне имунолошкиот одговор за 10 до 20 пати“, рече Бурла.
Новото истражување ќе ја следи безбедноста и ефикасноста на третата доза кај две возрасни групи. Луѓето од 18 до 55 години ќе учествуваат во едната група, а луѓето од 65 до 85 година во другата група. Тие исто така учествуваа во првичното клиничко испитување на „Фајзер“.
За време на оваа студија, учесниците добија две дози од вакцината во растојание од три недели. Истиот интервал на дозата е оној што моментално се препорачува.
Единечната доза вакцина на „Фајзер“ и “Бионтек“ против коронавирус го намалува бројот на асимптоматски инфекции и може значително да го намали ризикот од пренесување на вирусот, покажаа резултатите од британското истражување.
„Фајзер“ исто така планира да започне со тестирање за да утврди дали модифицираната верзија на вакцината дејствува против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Како што мутира коронавирусот, така и вакцините ќе мора да се менуваат.
Истото се случува и со грипот, кој се менува од година во година, затоа вакцините против грип постојано се подобруваат за да бидат ефективни.
„Секоја година треба да се вакцинирате против грип, така ќе биде и со ковидот. За една година, ќе мора да отидете да се вакцинирате против ковид за да се заштитите една година“, рече Бурла.
Неговите изјави сугерираат дека Ковид-19 ќе остане меѓу нас дури и кога ќе заврши пандемијата. Покрај тоа, ќе бидат потребни дополнителни студии за да се утврди кога е најдобро време за повторно вакцинирање против коронавирус, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Регион
Јанша: Апсурдни се обвинувањата дека ja загрозуваме слободата на медиумите

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја повика Европската комисија да испрати работна група во неговата земја за да ја утврди вистинската состојба во Словенија во областа на демократијата и владеењето на правото, независноста на судството, слободата и медиумскиот плурализам и да се увери дека обвинувањата против неговата владата се апсурдни.
Тој во писмото до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, напиша дека групата на тој начин ќе има увид во државата на демократијата, владеењето на правото и медиумскиот плурализам, нагласувајќи дека Словенија има проблеми со оние делови од демократијата што се поврзани со недовршената транзиција во Словенија, пренесува порталот 24УР.
Јанша се одлучи за писмото откако постапките на неговата влада беа критикувани од повеќе меѓународни организации, но и откако вербално се судри со новинарка од порталот Политико, која пишуваше за позицијата на новинарите во Словенија.
Во писмото Јанша наведува дека слична ситуација се случила пред 2008 година, кога Словенија за првпат претседаваше со Советот на ЕУ и кога 571 словенечки новинар и уредник и пишаа на ЕУ, наведувајќи дека претседателството на Словенија претставува опасност за Унијата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер