Свет
Државите од Персискиот залив го прогласија режимот на Гадафи за нелегитимен

Советот за соработка на арапските држави во Персискиот залив смета дека актуелниот режим во Либија е нелегитимен и соопшти дека е потребно да се воспостават врски со преодниот опозициски Национален совет.
Советот за соработка на арапските држави во Персискиот залив смета дека актуелниот режим во Либија е нелегитимен и соопшти дека е потребно да се воспостават врски со преодниот опозициски Национален совет.
Ова, како што пренесува агенцијата Риа Новости, се посочува во изјавите на шефовите на дипломатиите на земјите на организацијата, кои денеска одржаа состанок во Ријад.
Во Советот за соработка на арапските држави од Персискиот залив учествуваат Бахреин, Катар, Кувајт, ОАЕ, Оман и Саудиска Арабија. /крај/риан/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Започна вакцинацијата на населението во Црна Гора

Здравствениот дом во Подгорица денеска ќе започне со вакцинација против коронавирусот.
„Вакцинацијата, за почеток, е организирана на четири пункта во Спортскиот центар Морача и два во здравствената установа Стара Варош. Подоцна, според потребите, ќе се отворат контролни пунктови и во други здравствени установи предвидени за тоа“, се наведува во соопштението.
Здравствениот центар потсетува дека прва приоритетна група за вакцинација против коронавирус се лица постари од 80 години.
Во Црна Гора, вакцинацијата започна на 20 февруари, откако првите 2.000 дози на руската вакцина „спутник В“, Црна Гора ги доби како донација од Србија. Првото вакцинирано лице било од старски дом во Грабовац во Рисан.
После тоа, 5.000 дози „спутник В“ од Русија пристигнаа во Црна Гора, а потоа уште 30.000 дози на кинеската вакцина од „Синофарм“.
Во меѓувреме, од Црна Гора пристигна и втората пратка од уште 5.000 дози вакцина „спутник В“, од вкупно 50.000 договорени дози на тој производител.
Во Црна Гора досега 2.406 лица или 0,4 проценти од населението се вакцинирани против коронавирус, објавено е на веб-страницата covidodgovor.me.
Според процените, на Црна Гора и требаат најмалку 248.000 дози вакцина, колку што е побарано преку програмата „Ковакс“, со цел да се вакцинираат 20 проценти од населението со две дози.
Свет
Италијански министер за „Спутник“: Ако е вакцината ефикасна, не ме интересира националноста на научниците

Италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца, изјави дека е отворен за руската вакцина против коронавирус „Спутник В“, и е подготвен да разговара со руските власти за нејзина употреба, а можеби дури и за производството, доколку е одобрено од европските и италијанските регулатори.
„Ако вакцината делува, ако Европската агенција за лекови (ЕМА) и Италијанската агенција за лекови (АИФА) ни кажат дека е ефикасна и сигурна, не ме интересира националноста на научниците кои работеле на тоа и од која земја потекнува идејата. Затоа, јас сум апсолутно отворен кон руската вакцина, како и кон другите вакцини што може да се појават во светот“, објасни тој за телевизијата „Раи 3“.
Министерот потсети дека Италија започна да ги користи вакцините „Астра Зенека“, „Фајзер“ и „Модерна“ штом ЕМА и АИФА ги прогласија за сигурни и ефикасни.
„Кога тоа ќе се случи со руската вакцина, и се надевам дека тоа ќе се случи наскоро, ние ќе бидеме подготвени да соработуваме со руските власти со цел да го зголемиме и производството“, рече министерот.
Сперанца истакна дека во моментов главната задача на глобално ниво е што е можно повеќе вакцинирање на населението.
„Значи, нема смисла да се подигнуваат некои националистички бариери“, заклучи тој.
Европа
ЕУ очекува двојно повеќе вакцини од април

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Унијата очекува двојно да се зголеми снабдувањето со вакцини од април, што би значело околу 100 милиони дози месечно во вториот квартал.
Лајен рече дека ЕУ е загрижена поради новите мутации. Таа појаснува дека вакцините делуваат добро, но стравува од можноста во секој момент да се појави нова мутација, која може да биде отпорна на сегашните вакцини. Најверојатно, ќе треба долго време да се справуваме со овој вирус на глобално ниво, оцени таа.
Фон Дер Лајен смета дека е потребно да се скрати процесот на одобрување на вакцините, преку побрза размена на податоци.
„Редовната вакцинација против коронавирусот и неговите мутации може да станат нормалност на долг рок, како што сме навикнати против грипот“, рече претседателката на Европската комисија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“