Свет
Силите на Гадафи покренаа голема офанзива
Силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи денеска покренаа голема офанзива врз упориштата на бунтовниците на истокот и на западот на земјата, која започна со нови воздушни напади на источните градови Рас Лануф и Брега, каде што е сместен голем дел од нафтените капацитети, јавува Al Јazeera
Силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи денеска покренаа голема офанзива врз упориштата на бунтовниците на истокот и на западот на земјата, која започна со нови воздушни напади на источните градови Рас Лануф и Брега, каде што е сместен голем дел од нафтените капацитети, јавува Al ЈazeeraБунтовничките сили според сите извештаи се повлекуваат од Рас Лануф, а доцна утрината ги изгубија и последните неколку населби во градот под нивна контрола. Очевидци од теренот јавуваат дека десетици џипови натоварени со бунтовнички борци и со ранети во паника бегаат од градот кон Бенгази. Според агенцијата Reuters, силите на Гадафи се водат борби со преостанатите бунтовници забарикадирани во еден дел на пристаништето. Al Jazeera ја пренесува изјавата на еден од бунтовничките борци, Ибрахим ал-Алвани, кој вели дека тој и неговите соборци, кои се уште се наоѓаат во центарот на градот, ги гледаат владините сили како навлегуваат.„Видов околу 150 војници и три тенкови. Насекаде се слушаат жестоки престрелки“, вели ал-Алвани и додава дека владините сили денеска во Рас Лануф се истовариле и од бродови. „Четири брода, секој со 40 до 50 војници се истоварија во градот. Во моментов нашите сили се борат со нив“, јавува тој.Спротивставените страни денеска водат жестоки битки за контрола на уште неколку градови долж брегот источно од Триполи, вклучувајќи го и Бин Џавад и во Аз Завија, западно од престолнината. Аз Завија во последниве неколку дена неколку пати беше освојуван и од едната и од другата страна. Според информациите кои не можат да се потврдат, бунтовниците се опколени во центарот на градот и изложени на силен артилериски и снајперски оган. Во интервју за агенцијата Reuters, синот на Гадафи, Саиф ал-Ислам, изјави дека дошло времето за целосна воена акција против бунтовниците.„Повеќе нема шанси за преговори со бунтовниците кои се борат против либиската влада“, вели тој и додава дека војската никогаш нема да се предаде, туку ќе се бори и ќе умре во Либија. Никој не може со сигурност да го каже бројот на загинатите и ранетите во борбите, но се претпоставува дека ќе биде многу висок. Силите на Гадафи од денеска не им дозволуваат на возилата на брзата помош да влезат во Рас Лануф, поради што, според лекарите, уште повеќе ќе се зголеми бројот на мртвите. Според дописникот на Al Јazeera, во центарот на бунтот, вториот по големина град во земјата Бенгази, моралот на бунтовниците е многу низок, бидејќи чувствуваат дека ситуацијата повеќе не е во нивна корист, како и тоа дека ова, најверојатно, ќе биде многу долго востание. Сепак, според сите извештаи, тие се цврсто решени да го бранат градот и покрај недостигот од оружје и опрема. /крај/аljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

