Свет
Големи демонстрации во Јемен
Десетици илјади демонстранти ширум Јемен излегоа денеска на улиците на таканаречениот „Петок од кој нема враќање“, за да му покажат на претседателот Али Абдула Салех дека неговите понуди за реформи нема да ги ублажат нивните барања за негова оставка
Демонстрациите следат по вчерашниот предлог на Салех, главен сојузник на САД во борбата против јеменското крило на Ал Каеда, за нов устав за кој би се гласало на референдум во рок од една година и нови изборни закони кои би осигурале еднаква застапеност. Опозицијата ја одби понудата, која ја опиша како „премногу малку, премногу доцна“.Осиромашениот Јемен, кој е сосед на нафтениот гигант Саудиска Арабија, е една од неколкуте арапски држави кои беа потресени од протести и немири оваа година, што значително ја ослабна позицијата на Салех. Тој со земјата владее веќе 32 години и веќе беше крајно оптоварен поради постојаните побуни на северот и на југот на земјата, но упорно се обидува да ги смири протестите кои до сега однесоа 30 животи.Истовремено со овие демонстрации, концентрирани околу универзитетот во престолнината Санаа, на главниот плоштад „Тарир“ се собраа исто така десетици илјади поддржувачи на претседателот, кои извикуваа „да за дијалогот, не за хаосот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

