Свет
Протести на истокот на С.Арабија, во Ријад мирно

Стотици луѓе денеска протестираа во источниот дел на Саудиска Арабија, дел кој претежно е населен со шиити, додека полицијата ќе спречи протестите во главниот град Ријад
Стотици луѓе денеска протестираа во источниот дел на Саудиска Арабија, дел кој претежно е населен со шиити, додека полицијата ќе спречи протестите во главниот град Ријад. Полицијата ги блокирала патиштата и поставила повеќе контролни пунктови во Ријад, ги контролирала жителите и автомобилите во близина на централната градска џамија, каде поради петочната молитва имало голем број на луѓе. Во градот Катиф и неговата околина, кои се наоѓаат во источниот дел на земјата,каде живее малцинското шиитско население, протестираа повеќе стотици луѓе, кои бараа реформи и изедначување на положбата на шиитите и сунитите. Протестот минал без присуство на полицијата, без насилство, а според изјавите на припадниците на безбедносните служби, засилено е обезбедувањето на нафтениот гигант „Сауди Армкоа“. Евентуалните насилства би можеле да го дестабилизираат нафтениот пазар, со оглед на тоа дека Саудиска Арабија е голем извозник на нафта. Саудиското министерство за внатрешни работи минатата сабота издаде наредба дека демонстрациите се нелегални и ги предупреди активистите дека силите за безбедност се овластени да употребат сила. Шиитите кои живеат во источниот дел чинат 10 отсто од населението во Саудиска Арабија, тие се маргинализирани, во земјата каде што доминира пуританската вахаби сунитска држава. крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Чешка би можела да ја воведе „Спутник В“ и без одобрение од ЕУ

Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, изјави дека земјата може да започне со употреба на руската вакцина „Спутник В“ против коронавирус дури и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА).
Во Чешка, бројот на случаи со коронавирус се зголеми во последните неколку недели, така што таа земја сега е рангирана меѓу најлошите во светот според бројот на зараза и смртни случаи од Ковид-19.
Бабиш на 10 февруари рече дека Чесите ќе чекаат одобрување од ЕМА пред да почнат да ја користат вакцината. Исто така, Франција се очекува да и обезбеди на Чешка 100.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ до средината на март.
Регион
Земјотрес регистриран во близина на Закинтос

Денеска околу 14 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала во близина на грчкиот остров Закинтос.
Според Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 13 километри северо-источно од Волимес и на длабочина од 10 километри.
Засега нема податоци за можни жртви или материјална штета.
Европа
Британски министер: Ковид-пасошот е добар начин за закрепнување на британската економија

Министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак, денес оцени дека идејата за воведување на ковид-пасош може да биде добар начин за олеснување на економското закрепнување на Велика Британија од пандемијата.
„Тоа е комплицирано, но релевантно прашање како да се помогне за нормализирање на животот во Британија“, рече Сунак утрово во интервју за Би-Би-Си.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, минатата недела изјави дека владата ќе ги разгледа научните, моралните, филозофските и етичките аспекти на прашањето за користење сертификати за лица кои се имунизирани, што ќе придонесе за обновување на секторот за забава и услуги.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран