Контакт

Свет

Индија се бори против алкохолизирани пилоти

Објавено пред

Индиските власти во изминатите две години утврдиле дека 57 пилоти имале повеќе алкохол во крвта од дозволеното ниво, пренесуваат индиските медиуми, напоменувајќи дека поголем дел од нив се вратиле назад на работа по истекот на казната.

Индиските власти во изминатите две години утврдиле дека 57 пилоти имале повеќе алкохол во крвта од дозволеното ниво, пренесуваат индиските медиуми, напоменувајќи дека поголем дел од нив се вратиле назад на работа по истекот на казната.Работата ја изгубиле само 11 пилоти кои при контролите од 2009 до 2010 година биле под дејство на алкохол, пишува „Тајмс од Индиа“, пренесувајќи ја изјавата од министерот за авиосообраќај.Другите пилоти се казнети со различни нивоа на санкции кои ги определиле нивните авиокомпании, од писмени предупредувања до парични казни.За да се борат против зголемениот број пијани пилоти властите во 2010 година донеле одредба со која прекршителот првиот пат ќе се казни со тримесечна забрана за летање, а ако не престане да пие може да се соочи и со трајно одземање на дозволата за летање./крај/хи/бч



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Јужна Африка запленета голема количина на лажни вакцини против Ковид-19

Објавено пред

Околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини се запленети во Јужна Африка, а во Кина е разбиена мрежа на шверцери на вакцини, соопшти Интерпол, предупредувајќи дека ова е само врвот на ледениот брег.

„Јужноафриканските власти запленија стотици дози на фалсификувани вакцини против Ковид-19 по дојавата на Интерпол, со предупредување дека вакцините се омилена цел на криминалните мрежи“, додава меѓународната организација за полициска соработка со седиште во Лион.

Тројца кинески државјани и еден Замбиец се уапсени во акцијата, спроведена во Гермистон, во провинцијата Гаутенг, каде што е откриена и голема количина фалсификувани маски.

Интерпол исто така интервенирал и во Кина, каде полицијата открила мрежа за продажба на лажни вакцини против Ковид-19 и упаднала во производствен погон, приведувајќи 80 осомничени и запленувајќи над 3.000 дози лажни вакцини.

„Иако сме задоволни од овој исход, ова е само врвот на ледениот брег што се однесува до криминалот поврзан со вакцини против Ковид-19“, рече генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток.

Интерпол повторно предупредува дека неовластените вакцини кои се продаваат онлајн или се рекламираат по интернет-страници за продажба не се легитимни или тестирани и можат да бидат погубни.

Прикажи повеќе...

Регион

Нов силен земјотрес во Грција

Објавено пред

Нов силен земјотрес вечерва бил почувствуван во Грција.

Според податоците на Европскиот-медитерански сизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 30 километри од градот Лариса.

По него следувале и неколку послаби поотреси.

Силен земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција утрово, а истиот беше почувствуван и на територијата на нашата земја.

Во тој земјотрес имало повеќе повредени, пренесоа грчките медиуми.

Прикажи повеќе...

Европа

Маж во Шведска со нож нападнал осум луѓе, полицијата се сомнева на тероризам

Објавено пред

Помлад маж со остар предмет нападнал осум лица во шведскиот град Ветланда. Две жртви се тешко повредени.

Според локалните медиуми, напаѓачот бил пренесен во болница откако полицаец го ранил во ногата. Медиумите го опишуваат како човек на дваесетина години.

Полицијата најпрво го окарактеризира злосторството како обид за убиство, но сега се сомнева дека станува збор за тероризам.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

Во Јужна Африка запленета голема количина на лажни вакцини против Ковид-19

Околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини се запленети во Јужна Африка, а во Кина е разбиена мрежа на шверцери на...

Македонија5 часа

Владата доби доверба во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство...

Македонија6 часа

Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред...

Македонија7 часа

Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија8 часа

(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го...

Македонија8 часа

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што...

Регион11 час

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион12 часа

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет12 часа

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион13 часа

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет13 часа

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа13 часа

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет14 часа

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија1 ден

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет1 ден

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ1 ден

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија1 ден

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа2 дена

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет2 дена

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Досие