Свет
Евакуирана 140 илјади луѓе од регионот на јапонските нуклеарки

Повеќе од 140 илјади луѓе се евакуирани од областа во близина на двете јапонски нуклеарни централи откако девет лица покажаа знаци на озраченост, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во саботата навечер
Како што пренесува јапонската телевизија NHK, во радиусот од 20 километри од нуклеарната централа „Фукушима – 1 Даичи“ евакуирани се 110 илјади а на 12 километри оддалеченост, во радиус од 10 километри околу нуклеарката „Фукушима – 2 Даини“ евакуирани се 30 илјади луѓе. Но евакуацијата, како што се наведува, не е целосно завршена. Јапонските власти ги известија сите релевантни меѓународни институции за зголемено ниво на радијација во саботата, а велчерва соопштија дека тоа е намалено. Исто така, потврдено е дека експлозијата во нукеларната централа „Фукушима -1“ се случила надвор од примарниот безбедносен резервоар кој не е оштетен.Од друга страна, јапонската Агенција за нуклеарна безбедност предупреди во саботата навечер дека може да има проблеми со системот за разладување во реакторот бр.3 во токиската нуклеарна централа „Даичи“. На прес-конференција претставника на Агенцијата рекол дека овој систем за разладување повеќе не функционира. Исто така, на прес-конференцијата е соопштено дека бројот лица изложени на радијацијата може да се зголеми до 160 лица. Девет лица веќе покажале знаци на евентуална озраченост, а јапонските власти претпоставуваат дека таа бројка ќе се зголеми меѓу 70 и 160 лица. Реакторот број 1 во нуклеарната Централа „Фукушима -1 Даичи“ почна да истекува по катастрофалниот земјотрес од петокот, кога бил оштетен системот за ладење на централата. Инженерите се обидоа да го намалат притисокот во реакторот.Нуклеарните централи „Фукушима -1“ и „Фукушима-2“, по катастрофалниот земјотрес од петокот беа подведени под специјален режим поради испади во системот за ладење. На „Фукушима 2“ инженерите не успеаја да го намалат притисокот во јадрото на рекаторот, кој ако не се стави под контрола може да доведе до ослободување на радијацијата во атмосферата. Постојат стравувања дека зголемениот притисок ја оштетил мембрана и почнало истекување на радијација.Според компанијата Tokyo Electric Power, во 15,36 часот по локално време (09,36 по македонско време) во централата по силен потрес се случила експлозија. Четири лица кои работеле во близината биле повредени и хоспитализирани. Нивото на радијација се зголеми од оштетената нуклеарна централа во која во сабота наутро се случи експлозија, по што локалните власти соопштија населението да ги затворат прозорците од домовите, да ги исклучат климатизерите и да не ги напуштат своите домови. Во експлозијата беа повредени четири лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.