Свет
Единаесет војници загинаа во североисточен Ирак
Во експлозија на автомобил бомба во една воена база во провинцијата Дијала во Ирак, во понеделникот, загинаа најмалку 11 а ранети се 29 лица, јави Синхуа
Како што пренесува, пак, агенцијата Reuters повикувајќи се на извори во локалните структури на власта, експлозијата се случила во градот Канаан, кој се наоѓа 70 километри североисточно од ирачкат престолнина Багдад. Меѓу загинатите и повредените најмногу се приапдници на армијата. Agence France-Presse објави дека бомбаш-самоубиец влетал со автомобил-бомба во комплексот објекти на воената база околу 6 часот по локално време (4 часот по македонско врме. Изворот на агенцијата нагласува дека бројот на жртвите може да се зголеми. Главната зграда на база речиси целосно била уништена. На местото од наапдот, за кусо време пристигнале екипи на брза помош и на службата за спасување. Провинцијата Дијала и натаму претставува едно од главните упоришта на милитантите на меѓународната терористичка организација Ал Каеда и различните многуте групи, и покрај редовните операции што против нив ги преземаат американските и ирачките сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски бара конкретни чекори против Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците на Украина да му дадат поддршка на Киев и да и покажат на Русија дека војната е бесмислена, пред клучниот самит на Европската унија на кој треба да се разговара за замрзнатите средства на Русија.
„Исходот од овие состаноци – исходот за Европа – мора да биде таков што Русија ќе почувствува дека нејзината желба да продолжи со борбите следната година ќе биде бесмислена бидејќи Украина ќе има поддршка“, рече Зеленски во своето вечерашно обраќање.
Тој ги повика украинските партнери да донесат одлука за користење на речиси 250 милијарди долари замрзнати руски државни средства во Европската унија, од кои повеќето се чуваат во белгискиот Euroclear, за поддршка на заем за Украина.
Владите на ЕУ минатата недела се согласија да ги задржат средствата замрзнати до понатамошно известување, наместо да гласаат на секои шест месеци дали да го продолжат статусот.
Некои европски лидери се спротивставија на планот, плашејќи се дека тоа би можело да претставува правни ризици за нив.
„Ни треба сите наши партнери да имаат храброст да ја видат вистината, да ја признаат вистината и да дејствуваат соодветно“, рече Зеленски. Тој додаде дека постапките на Русија покажуваат дека таа има намера да продолжи да се бори следната година.
„Сојузниците во Соединетите Американски Држави често велат дека се чини дека Русија сака да ја заврши војната. Но, Русија испраќа сосема поинаква реторика и сигнали, вклучително и официјални наредби до својата војска“, рече Зеленски.
фото/депозитфотос
Свет
Макрон: Франција ќе се спротивстави на наметнувањето увоз од јужноамериканските земји
Францускиот претседател Емануел Макрон денес го предупреди Брисел против финализирање на договорот за слободна трговија со јужноамериканските земји поради противењето од француската влада и земјоделците.
„Доколку европските власти имаат намера да го наметнат, Франција ќе се спротивстави многу силно“, рече Макрон на состанокот на кабинетот во Париз, според портпаролката на владата Мод Брежон.
Владата јасно стави до знаење во текот на викендот дека не сака земјите од ЕУ наскоро да гласаат за договорот со земјите од Меркосур, кој го сочинуваат Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај. Протестите на земјоделците против договорот од Меркосур и справувањето на владата со епидемијата на добиток се шират во Франција.
Со околу 19 милиони животни, Франција е најголемиот производител на говедско месо во Европа.
„Доколку договорот со Меркосур се потпише на крајот од неделата, тоа природно би довело до многу посилни протести“, изјави Арно Русо, претседател на чадор организацијата на француските земјоделски здруженија (FNSEA), за телевизијата Франс Интер.
Европската унија и Меркосур постигнаа политички договор пред една година за договор за слободна трговија, кој е во процес на преговори веќе 25 години.
Евентуалното отворање на пазарот на ЕУ за производите на Меркосур наиде на отпор во Европа, првенствено во земјоделскиот сектор, а во октомври Европската комисија предложи заштитни мерки за европските земјоделци кои треба да ги решат нивните загрижености и противење на трговскиот договор.
фото/депозитфотос
Свет
Путин ги нарече европските лидери свињи: „Нема цивилизација во Европа, само распаѓање“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека Русија ќе ги постигне своите цели во Украина со дипломатски или воени средства и дека ќе се стреми да ја прошири безбедносната тампон-зона во таа земја.
„Прво, целите на специјалната воена операција несомнено ќе бидат постигнати. Ние би претпочитале да го решиме ова, како и основните причини за конфликтот, преку дипломатија“, рече Путин.
„Доколку спротивставената страна и нејзините странски спонзори одбијат да учествуваат во важни дискусии, Русија ќе постигне ослободување на својата историска територија со воени средства. Задачата за создавање и проширување на безбедносната тампон-зона исто така ќе биде доследно разгледувана“, рече тој.
Од украинските региони што ги смета за своја територија, Русија моментално ги контролира Крим, околу 90% од регионот Донбас и 75% од Херсон и Запорожје. Покрај тоа, Русија држи дел од територијата во соседните региони Харков, Суми, Днепропетровск и Николаев.
Путин рече дека Европејците се индоктринираат со страв од војна со Русија и ги обвини европските лидери за поттикнување хистерија.
„Постојано повторував: ова е лага, глупост, чиста глупост за некоја имагинарна руска закана за европските земји. Но, ова секако се прави намерно“, рече тој.
Путин нагласи дека Русија не се стреми да влезе во војна со Европа, но е подготвена за војна ако Европа го сака тоа.
Путин тврдеше дека претходната американска администрација „намерно ја насочила ситуацијата кон вооружен конфликт“, додавајќи дека Вашингтон верувал дека Русија може да биде ослабена или дури и уништена за краток временски период.
Потоа тој остро ги критикуваше европските лидери, обвинувајќи ги дека се приклучиле на администрацијата на Џо Бајден.
„Европските масли свињи (оригинално little pigs) веднаш се приклучија на бизнисот на претходната американска администрација, надевајќи се дека ќе профитираат од колапсот на нашата земја, ќе вратат нешто што е изгубено во претходните историски периоди и ќе се одмаздат“, рече Путин.
„Во Европа нема цивилизација, има само деградација“, рече Путин.
Фото/депозитфотос

