Свет
Единаесет повредени во експлозијата во „Фукушима“

Во новата експлозија на водород на третиот реактор на јапонската нуклеарка „Фукушима – 1 Диачи“ повредени се 11 лица, но не е соопштена тежината на нивните повреди, пренесува јапонската телевизија NHK
Јапонската агенција за нуклеарна безбедност потврди дека експлозијата се случила на реакторот бр. 3 од нуклеарната централа „Фукушима – 1 Диачи“ на електро-компанијата Tokyo Electric Power Company, во 11.01 часот по локално врме. Од страна на компанијата е потврдено дека во инцидентот настрадале 11 луѓе. Јапонската агенција за нуклеарна безбедност веднаш издала соопштени во кое препорачува населението во радиус од 20 километри од нукеларката што е можно побрзо да се засолни во затворени простории. Се претпоставува дека околу 600 луѓе се уште се наоѓаат во погодената област. Во саботата се случи слична експлозија на водород на реакторот бр.1 во истата нуклеарна централа. Главен секретар на кабинетот на јапонската влада, Јукио Едано, за новинарите изјави дека добил известување дека најновата експлозија не го оштетила контејнерот на реакторот бр.3. Тој додал дека веројатноста за истекување поголеми количества радиоактивни материјали во атмосферата е многу мала. Видео снимката направена од хеликоптер што ја емитуваше телевизијата HNK, покажува дека покривот од зграда во којашто е сместен реакторот е урнат, како што се случи и при експлозијата во саботата. Стравувањата од експлозија се зголемија кога падна нивото на водата на реакторот бр. 3, со што се создале услови за реакција со големото количество генерирана водородна пареа. Агенцијата за нуклеарна безбедност и индустриска безбедност соопшти дека дури и ако се урне покривот на зградата, безбедноста на контејнерот со реакторот нема да биде загрозена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни за луѓето. Некои се поблаги, некои се поопасни, а некои се неутрални во споредба со оригиналот.
Некои мутации не претставуваат значителни промени, некои мутации ја намалуваат ефикасноста на вирусот, но некои мутации го прават еволутивно и биолошки поефикасен, бидејќи тој подобро се врзува за рецепторите на клетките што ги инфицира.
Таквиот вид е поуспешен во наоѓање место за негово размножување, така што значително ги зголемува шансите за негово продирање низ човечката популација и се заканува да стане доминантна верзија на болеста.
Во моментов има повеќе од четири илјади различни видови на коронавирусот, а епидемиолозите се најзасегнати со само четири од нив.
1. Британскиот вирус стана доминантен во поголемиот дел од Велика Британија и се прошири во повеќе од 50 други земји, вклучувајќи ја и Македонија. Се карактеризира со зголемена преносливост, поголема од 40 проценти, што доведува до зголемена инциденца, хоспитализација и севкупен притисок врз здравствениот систем. Симптомите на британскиот вид се нешто поразлични од оние на оригиналниот од Вухан и неговите други субваријанти: губењето на мирисот и вкусот е поретко, додека кашлица, замор, болки во мускулите и грлото се доминантни симптоми во оваа верзија.
2. Јужноафриканскиот сој досега е потврден во најмалку 30 земји. Оваа варијанта има 17 мутациони промени во однос на вирусот од Вухан. Според истражувањето на научниците, јужноафриканската верзија на Ковид-19 има способност да ги избегне антителата во крвната плазма на веќе оздравените пациенти од оваа болест, а, исто така, ја намалува и ефикасноста на моментално достапните вакцини. Покрај тоа, тој е позаразен, најмалку 1,5 пати, од оригиналната варијанта.
3. Бразилскиот сој е причина за можеби најголемите стравови на епидемиолозите: тој претставува злобна комбинација на карактеристиките на англиските и јужноафриканските мутации. Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд, неодамна го нарече „суперсој“. Тој создаде сосема неочекуван хаос пред извесно време во бразилскиот град Манаус, каде што зарази голем број луѓе кои веќе го прележале коронавирусот.
4. Њујоршкиот вид во моментов е најнеистражен од сите погоре наведени, но во однос на зголемената инфективност, тој многу потсетува на јужноафриканскиот „брат“. Стана доминантен во Њујорк и другите урбани делови на САД и полека ги потиснува другите видови на коронавирус, а исто така има значителен потенцијал за реинфекција, т.е. повторна инфекција на човек кој веќе се опоравил од видот на вирусот од Вухан. Бидејќи предизвикува нешто потешки симптоми на болеста и хоспитализации, а најмногу се открива кај постари лица, тој е потенцијално голема закана за секое општество.
Иако сегашните вакцини се дизајнирани според претходните верзии на болеста, неодамнешните истражувања покажуваат дека сите достапни вакцини штитат барем до одреден степен од новите видови.
Вакцината на Оксфорд / АстраЗенека добро штити од британскиот вид, но во многу помала мера од јужноафриканскиот сој. Како резултат на тоа, Јужна Африка престана да ја користи оваа вакцина и има намера да ги продаде купените количини.
Првите резултати од „Фајзер“ и „Модерна“ сугерираат дека нивните вакцини се доволно ефикасни против јужноафриканската верзија, иако имунолошкиот одговор можеби не е премногу силен или долготраен.
Научниците велат дека сите вакцини ќе бидат редизајнирани според новите соеви, но и на оние што допрва доаѓаат. Како и кај вирусот на грип кој постојано мутира, сите промени на коронавирусот мора да бидат придружени со постојан лабораториски мониторинг и адаптација на вакцините.
Свет
(Видео) Јапонски милијардер бара осум лица за патување околу Месечината

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава тргна во потрага по осум лица кои ќе му се придружат како први приватни патници на пат околу Месечината со „Спејс икс“ на Илон Маск.
Тој првично планираше да ги покани уметниците на еднодневно патување закажано за 2023 година, наведува „Ројтерс“.
Watch this video to learn more about the selection process. It also contains a special message from @elonmusk #dearMoon
↓Check the full versionhttps://t.co/i3ucR6BB44 pic.twitter.com/B3d8g0JvvP
— Yusaku Maezawa (MZ) (@yousuckMZ) March 2, 2021
„Проектот Риџид ќе им даде можност на луѓето од целиот свет да се приклучат на ова патување. Ако се доживувате како уметник, тогаш сте уметник“, рече Маезава.
Првата фаза на пријавување трае до 14 март.
Маезава е познат по своите колекции на уметнички дела и суперавтомобили, како и подароци во готовина, поради што има најмногу следбеници во Јапонија на својот профил на „Твитер“.
Минатата година тој започна краткорочна документарна потрага по нова девојка која ќе му се придружи на патувањето, пред да се пензионира, а како причина наведе „измешани чувства“.
Свет
Бајден: До крајот на мај ќе имаме доволно вакцини

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД ќе имаат доволно вакцини за коронавирус за сите возрасни Американци до крајот на мај.
Според министерството за здравство, партнерството меѓу производителите на лекови, како и другите чекори што ги презеде владата, ќе и овозможат на компанијата за вакцини да ја забрза испораката на 100 милиони дози за околу еден месец.
„Една од работите што дознав кога ја презедов функцијата е дека “Џонсон и Џонсон” заостануваат во производството. Едноставно, вакцината не доаѓаше доволно брзо. Така, мојот тим работеше напорно за да ги забрза овие напори”, рече Бајден.
Американскиот претседател се надева дека САД ќе се вратат во нормала ова време следната година, можеби порано.
„Тоа зависи од тоа дали луѓето продолжуваат да бидат паметни и дали разбираат дека сè уште можеме да имаме значителни загуби“, рече тој.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер