Свет
Успешно оладени два реактора на нуклеарката „Фукушима 2“

Управата за безбедност на нуклеарните објекти во Јапонија соопшти дека успешно биле оладени два реактора на нуклеарната централа „Фукушима 2“, пренесува Интерфакс.
Управата за безбедност на нуклеарните објекти во Јапонија соопшти дека успешно биле оладени два реактора на нуклеарната централа „Фукушима 2“, пренесува Интерфакс.
„Фукушима 2“ се наоѓа на неколку километри од централата „Фукушима 1“, каде што ситуацијата со прегревањето на реакторот и натаму е тешка.
Продолжува работата околу разладувањето на реакторите во трите енергоблока. Системите за разладување на „Фукушима 1“ престанаа да функционираат по катастрофалниот земјотрес во Јапонија. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Свршеницата на Кашоги бара од Америка најстрога казна за лидерот на Саудиска Арабија

Турчинката Хатиџе Ченгиз, свршеница на брутално убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, побара престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Салман да плати најстрога казна за смртта на нејзиниот партнер.
Ова се случи откако ЦИА на крајот од минатата недела ја отстрани ознаката за доверливост од документите поврзани со егзекуцијата на Кашоги, што потврди дека Салман имал директни врски со наредбата новинарот, инаку негов голем критичар, да биде замолчен.
„Ова не само што ќе ја донесе правдата што ја баравме, туку може да спречи повторување на слични дела“, наведе Хатиџе во изјавата.
Престолонаследникот Мохамед, кој е всушност владетел на кралството, негираше каква било улога во убиството, а официјален Ријад го отфрли извештајот на ЦИА како глупост и лага. И покрај тоа, американската влада денес треба да објави како ќе реагира претседателот Џо Бајден кога е во прашање можната казна за Салман. Сепак, казната не се очекува да биде пропорционална со извршеното злосторство, бидејќи добриот однос со Саудиска Арабија е клучен за САД.
Кашоги беше убиен во 2018 година при посета на саудискиот конзулат во Истанбул, кога дошол по документите потребни за да се ожени со Хатиџеа. Тој таму бил убиен и распарчен.
Регион
Во Албанија пристигнуваат 15.000 вакцини на „Фајзер“

Уште 15.000 вакцини против коронавирус на компанијата „Фајзер“ треба да пристигнат денес во Албанија, потврди министерката за здравство, Огерта Манастирулиу.
Таа додаде дека се очекуваат 14.400 вакцини на „Астразенека“, кои треба да пристигнат во следните 10 дена преку програмата Ковакс, објавија албанските медиуми.
„Ние сакаме да ја завршиме вакцинацијата на здравствените работници за кратко време, до втората недела од март, како и приоритетните групи на население, како што се оние над 80 години, по што ќе продолжиме со вакцинирање на други групи на луѓе“, рече албанската министерка за здравство.
Свет
Путин: Руските вакцини се ефикасни и против новите видови коронавирус

Претседателот Владимир Путин изјави дека руските вакцини се исто така ефикасни против новите видови коронавирус што се шират во Европа.
Тој на средбата со директорката на Федералната медицинско-биолошка агенција, Вероника Скворцова, рече дека руските вакцини се ефикасни против новите видови на коронавирусот, кои денес ги плашат сите во Европа и не само во Европа, пренесува „РИА новости“.
Скворцова изјави дека досега во Русија се идентификувани 3,5 илјади мутации на коронавирусот, но таа истакна дека сите се еднонуклеотидни и немаат никакво значење за вирусот како целина, освен седум мутации, чија фреквенција надминува 5 проценти во човечката популација.
Во Русија во моментот има три вакцини против Ковид-19, и тоа „спутник В“, „епивакорона“ и „ковивак“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран