Свет
Силите за безбедност на Бахреин ги нападнаа демонстрантите во Манама

Силите за безбедност на Бахреин насилно ги отстранија демонстрантите кои со денови престојуваа на главниот плоштад во Манама барајќи реформи, со што ги прекинаа народните протести во ова мало кралство во Заливот, пренесуваат агенциите.
Силите за безбедност на Бахреин насилно ги отстранија демонстрантите кои со денови престојуваа на главниот плоштад во Манама барајќи реформи, со што ги прекинаа народните протести во ова мало кралство во Заливот, пренесуваат агенциите.Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите загинале најмалку две лица, а стотина лица се повредени, се дознава од болнички извори. Демонстрантите настрадале откако полицијата фрлила солзавец врз мнозинството шиитски бунтовници, кои бараат политички реформи.Полицијата пукала од ловџиски пушки. Неколку шатори во кои демонстрантите ја минувале ноќта биле запалени, а густ чад надвиснал над плоштадот. Додека хеликоптерите го надлетувале градот, полицијата заземала положба на плоштадот и почнала да ги отстранува преостанатите шатори, а демонстрантите бегале низ споредните улици.До напад врз демонстрантите дошло откако во Бахреин пристигнаа безбедносни сили од соседните земји во Заливот за да и помогнат на сунитската династија Ал Калифа да ги запре бунтовниците. Тие уште од 19 февруари го заземаа плоштадот во главниот град и бараат политички реформи, а некои дури и заминување на сунитската династија која управува со земјата чиешто автохтоно население е мнозинство шиитско./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Стотици демонстранти завршија зад решетки во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар денеска уапси стотици демонстранти во најголемата акција спроведена од почетокот на протестите против воениот удар што се случи на 1 февруари.
„Дефинитивно можеме да потврдиме дека има стотици апсења“, истакнаа од Здружението за помош на политичките затвореници (ААПП), пренесе Ројтерс.
Се додава дека 10 автобуси со уапсените отишле во затвор и дека во секое возило имало помеѓу 40 и 50 лица.
„Се обидуваме да ги откриеме имињата на уапсените“, додаде Здружението.
Владата на премиерката Аунг Сан Су Чи беше соборена со воен удар.
Свет
Иран набави 250.000 дози на „Синофарм“

Иранското Министерство за здравство објави дека 250.000 дози од вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ ќе пристигнат од Кина денеска.
Заменик-министерот за здравство, Алиреза Раиси, рече дека Иран ќе добие вакцини и од другите производители, вклучувајќи ги и оние произведени во Индија, во блиска иднина, објави АП.
Свет
Рускиот истражувачки центар тврди дека „Спутник“ е ефикасна против мутациите

Руската вакцина „Спутник В“ против Kовид-19 покажува добри резултати против новите мутации на коронавирусот, изјави за „Ројтерс“, Денис Логунов, заменик директор на рускиот Национален истражувачки центар „Гамалеја“ за епидемиологија и микробиологија, кој го разви „Спутник В“.
„Неодамнешното истражување спроведено од Центарот ‘Гамалеја’ во Русија покажа дека ревакцинацијата со вакцината ‘Спутник В’ работи многу добро против новите мутации на коронавирусoт, вклучително и соевите на коронавирус од Велика Британија и Јужна Африка“, рече Логунов.
Тој додаде дека, според руските истражувачи, се верува дека вакцините базирани на вектор се всушност подобри за идните ревакцинации отколку вакцините засновани на други платформи“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер