Свет
Ослободен новинарот на „Гардијан“, исчезнаа четворица на „Њујорк тајмс“
Дописникот на британскиот весник Gaurdian, Гаит Абдул-Ахад, кој беше уапсен пред две недели во Либија од војници лојални на Гадафи е ослободен и безбедно ја напуштил земјата, додека четворица новинари на New York Times исчезнале откако последен пат контактирале со редакцијата во вторникот наутро
Ослободувањето на новинарот на Guardiаn, Гаит Абдил-Ахад во средата попладне преку Твитер го објави главниот и одговорен уредник на весникот, Алан Расбриџер. Абдул-Ахад и неговиот колега од Бразил, Ендрју Нето беа уапсени на 2-ри март во западниот дел на Либија, каде што влегле од Тунис. Кога последен патстапиле во контакт со нивните редакции, тие се наоѓале во близина на либискиот град Аз-Завија, 40 километри западно од престолнината Триполи. Според Guardian, тие биле префрлени во затвор во предградие на либискиот главен град. Бразилскиот новинар Нето беше ослободен пред една седмица, но владата на Либија во затворот го задржа новинарот на реноминираниот британски весник, и покрај протестите од светските новинарски здруженија и организациите за заштита на човековите права. „Задоволни сме што Гаит е ослободен и безбедно ја напушти Либија“, напиша Расбриџер. Ирачанецот Гаит Абдул-Ахад е еден од најпознатите дописници на Guardian, кој се јавува од „најжешките точки“, честопати преку приказните на обичните луѓе. Добитник е на повеќе професионални награди, а со британскиот весник соработува од 2004 г.Како што изјави во средата попладне извршниот уредник на The New York Times, Бил Келер, претставници на весникот контактирале со претставници на официјалните власти во Триполи и добиле уверување дека властите се обидуваат да ја утврдат точната локација на четвроицата исчезнати новинари.„Изразуваме голема благодарност до владата во Триполи за нивната помош да бидат ослободени во најкус можен рок нашите новинари, и неповредени, доколку тие се лишени од слобода“, стои во изјавата на Келер.Исчезнати се уредникот на бејрутското дописништво на редакција The New York Times, Ентони Шадид, репортерот и снимател Стивен Фарел, кој беше заробеник од страна на талибаните во 2009 г., и двајцата фотографи Тајлер Хикс и Лисни Адарио коишто работат во Африка и на Блискиот Исток.Весникот потсетува дека од почетокот на немирите во арапскиот свет, работата на новинарите во регионот стана многу опасна. За време на бунт во Египет против режимот на Хосни Мубарак, новинарите беа напаѓани, малтретирани и апсени. Двајца новинари на The New York Times, исто така, беа уапсени во Египет, но беа набрзо ослободени неповредени. Минатата седмица четири дописници на британската радиодифузна мрежа BBC беа приведени од страна на безбедносните сили на режимот на Моамер ел- Гадафи во Либија. Тие биле малтетирани и тепани со кундаци од пушки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија
Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Суматра во близина на покраината Ачех, соопшти геофизичката агенција на земјата, пренесе Ројтерс.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и нема потенцијал за цунами.
Свет
(Видео) Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг
Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната служба на градот. Најмалку 123 лица се повредени во трагедијата, јавува Си-ен-ен.
Осум пожарникари кои учествувале во гаснењето на пожарот се меѓу повредените. Официјалните лица изјавија дека 51 лице починало на местото на настанот, додека четворица други им подлегнале на повредите во болница.
Противпожарната служба сè уште не објавила нови информации за бројот на лица кои сè уште се водат како исчезнати. Според претходните податоци од официјалните лица, по избувнувањето на пожарот се барале 279 лица.
фото: епа
Европа
Папата патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган
Папата Лав денеска го започнува своето прво патување надвор од Италија како католички лидер со посета на Турција, каде што се очекува да апелира за мир на Блискиот Исток и да се обиде да поттикне единство меѓу долго поделените христијански цркви.
Првиот американски папа ја избра претежно муслиманската Турција како своја прва странска дестинација за да ја одбележи 1700-годишнината од значајниот раноцрковен собор што го создаде Никејското верување, кое сè уште го користат повеќето христијани во светот.
Лав, чиј тридневен распоред во Турција е преполн со настани пред да се упати кон Либан, ќе биде внимателно следен, особено додека ги прави своите први странски посети на чувствителни културни места.
„Тоа е многу важно патување бидејќи сè уште не знаеме многу за геополитичките ставови на Лав, а ова е првата голема можност за него да ги разјасни“, изјави за Ројтерс Масимо Фаџоли, италијански академик кој го следи Ватикан.
70-годишниот Лав, кој со својата придружба долета од аеродромот Фјумичино во Рим кратко пред 8 часот наутро, прво ќе ја посети турската престолнина Анкара, каде што ќе се сретне со претседателот Таип Ердоган и ќе им се обрати на политичките лидери. Тој вечерва ќе лета за Истанбул, дом на патријархот Вартоломеј, духовниот водач на 260-те милиони православни христијани во светот.
фото: епа

