Свет
Клинтон пристигна во посета на Тунис
Американската државна секретарка Хилари Клинтон доцна синоќа пристигна во посета на Тунис, два месеца откако масовните протести доведоа до рушење на долгогодишниот претседател Бен Али, јавува Al Jazeera
Американската државна секретарка Хилари Клинтон доцна синоќа пристигна во посета на Тунис, два месеца откако масовните протести доведоа до рушење на долгогодишниот претседател Бен Али, јавува Al JazeeraКлинтон денеска треба да се сретне со привремениот претседател Фуед Мебазаа, како и со министерот за надворешни работи на Тунис Мулди Кефи и со привремениот премиер Беџи Каид Есебси. Таа ќе се сретне и со претставници на младината која ги предводеше протестите и со хуманитарните работници кои помогнаа да се прифатат повеќе од 100.000 странски работници кои од соседна Либија пребегнаа во Тунис. Клинтон во престолнината на Тунис беше пречекана и од поголема група на демонстранти, кои протестираа против нејзината посета, со слогани како „Тунис е арапска земја, не империјалистичка или ционистичка“. Кога пред две недели Клинтон ги објави своите намери да ги посети Тунис и Египет, таа истакна дека сака да ја пренесе намерата на САД да биде „партнер во важната работа кој им претстои при преминот на овие држави кон вистинска демократија“. Таа пред конгресната комисија за надворешни работи ја истакна заканата од зголеменото влијание на Иран во регионот, како и фактот дека „САД има голем удел во тоа „Тунис и Египет да станат модел – држави за видот на демократија каква што САД сакаат да видат во регионот“. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

