Свет
Спротиставени тврдења за судбината на либискиот град Мисрата
Либиската државна телевизија соопшти дека валдините сили го зазеле источниот град Мисрата, додека бунтовниците негираат
Овие информации се лиферуваат неколку часа пред гласањето на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со воспоставуање зона на забранети летови која би требало да ги штити цивилите и бунтовниците од воздушни напади од страна на Моамер ел-Гадафи, јавуваат агенциите.Синот на Гадафи, Саиф aл-Ислам, најави дека во рамките на големата офанзива на режимот во рок од 48 часа ќе ги вратат сите упоришта што ги завземале бунтовниците, а прв ќе биде половинамилионскиот град Мисрата на патот кон Бенгази, каде почна и побуната против диктаторскиот режим.„Вооружените сили ја превзедоа Мисрата и сега го стерилизираат од криминални вооружени банди“, објави државната телевизија, но тројца жители за Reuters ги негирале овие тврдења.„ТВ лаже и во Мисрата е мирно нема звуци на никакво бомбардирање“ велат жителите.Додека на либиското тло судирите стануваат се покрвави, меѓународната заедница со недели се двоуми да прогласи зона на забрана на летови. Помошникот либиски амбасадор при ОН Ибрахим Дабаши кој побегна со бунтовниците, драматично повика тоа да се направи во рок од 10 часа за да се спречи вистински геноцид.Сателитската телевизија Al Arabia јави дека силите на Гадафи убиле најмалку 30 жени, деца и старци источно од Аџдабија, последното бунтовничко упориште на 160 километри од Бенгази.Продорот на режимските сили поттикна нов бегалски бран кон египетската граница. Речиси 300 илјади луѓе избегаа од почетокот на војната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

