Свет
Чад над вториот блок на нуклеарката Фукушима 1

Чад се извива утрово од вториот блок на нуклеарната централа Фукушима 1 во Јапонија, додека екипите за вонредни ситуации се обидуваат во хаварисаното одделение да вклучат струја, за да се реактивира системот за ладење на нуклеарното гориво, јавуваат светските медиуми.
Чад се извива утрово од вториот блок на нуклеарната централа Фукушима 1 во Јапонија, додека екипите за вонредни ситуации се обидуваат во хаварисаното одделение да вклучат струја, за да се реактивира системот за ладење на нуклеарното гориво, јавуваат светските медиуми.
Агенцијата за атомска енергија при Обединетите нации соопшти дека нема информации поради што се крева чадот.
Портпаролот на јапонската влада Јукио Едано рече дека станува збор за пареа која потекнува од големите количества вода што се фрла од хеликоптерите врз оштетените и прегреани реактори.
Јапонската државна телевизија НХК јавува дека на Фукушима ќе бидат фрлени 50 тони води и тоа првенствено на третиот блок на електраната.
Се верува дека во овој блок нивото на водата за ладење на шипките на реакторот е екстремно ниско и дека постои опасност од нивно топење, а со тоа и до големо ослободување на радијација.
Регуларниот систем за разладување се исклучи во петокот по ударот на Цунами на централата, а од тогаш во четири од шест нуклеарни реактори на Фукушима 1 избувнуваа пожари, доаѓаше до експлозии на акумулиран водород и до пораст на нивото на радијација над дозволеното.
Се очекува до недела да се вклучи струјата во реакторите три и четири, но и тоа не е гаранција дека електричните пумпи ќе проработат, бидејќи можеби се оштетени по земјотресот, цунамито и експлозиите, јавува Би-Би-Си.
Шефот на американската регулаторна комисија за нуклеарна енергија Грегори Јацко процени дека за ладење на реакторите и враќање на Фукушима 1 под контрола, „можеби ќе бидат потребни недели“. /крај/ббц/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Словачка кавги во владејачката коалиција околу руската вакцина

Кавги во владејачката коалиција во Словачка откако премиерот Игор Матовиќ ги заобиколи коалициските партнери и испрати авион по руската вакцина против Ковид-19, пренесуваат медиумите во оваа земја.
Според нив, владејачката коалиција честопати се судира во пристапот за сузбивање со пандемијата од Ковид-19, а Матовиќ, како што пишуваат, ја донел одлуката и покрај барањата од коалициските партнери да не ја користат руската вакцина сè додека не биде одобрена од Европската агенција за лекови.
Словачка е втора земја членка на Европската Унија, по Унгарија, што ја купува руската вакцина „спутник В“.
Политичкиот партнер во коалицијата, партијата „За народот“, вчера се закани дека ќе ја напушти владата поради ова прашање, додека, пак, партијата „Слобода и солидарност “ повика на преструктуирање на кабинетот формиран по изборите пред една година, пренесуваат агенциите во Словачка.
„За време на викендот, воен авион беше испратен во Москва да донесе 200.000 дози од вакцината ‘спутник В’, прва пратка од вкупно два милиона“, рече Матовиќ.
Тој својата одлука за купување на руската вакцина ја бранеше и преку социјалните мрежи.
„Нашите партнери го користеа ‘спутник В’ како најтешкото оружје за да ја растурат сопствената влада“, рече тој.
Министерот за надворешни работи Иван Корчок изјави дека набавката на руската вакцина ја доведува во прашање позицијата на земјата на меѓународната сцена.
Свет
Кина одобри три традиционални рецептури за лекување Ковид-19

Кина одобри продажба на три традиционални кинески лекови за помош во лекувањето на Ковид-19, објави вчера Националната агенција за лекови.
Одобрените билни производи доаѓаат во форма на гранули и потекнуваат од древни кинески рецепти, се вели во соопштението на агенцијата, кои додаваат дека подготовките биле надгледувани од многу академици и експерти.
Станува збор за три вида капсули – гранули за чистење и детоксикација на белите дробови, гранули за одвлажнување и детоксикација на белите дробови и гранули за дифузија и детоксикација на белите дробови.
Според кинеското Министерство за наука, десетици илјади пациенти заразени од Ковид-19 ги примиле овие лекови од растително потекло во Кина минатата година заедно со водечките антивирусни лекови, пренесуваат светските агенции.
„За време на клиничките испитувања кај 102 пациенти во Вухан со лесни симптоми на коронавирус е откриено дека лицата што примиле комбиниран третман на лекови покажале 33 % побрзо закрепнување во споредба со пациентите што примиле само западни лекови“, истакнуваат од Националната управа за традиционална кинеска медицина.
Кинеските власти ја пофалија ефикасноста на традиционалните лекови како помош во ублажување на симптомите на Ковид-19. Во јануари годинава полициските службеници добија до 60.000 дози од традиционалните лекови за да се заштитат од инфекција со коронавирус.
Регион
Грчки пратеник казнет за непочитување на забраната за движење

Пратеникот на грчката владејачка партија, Милтос Хрисомалис, е казнет за време на инспекција во Атина за кршење на забраната за движење, објавија денеска грчките медиуми.
Хрисомалис е казнет со 300 евра затоа што бил пронајден во холот на хотел во луксузната област Колонаки, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Имено, во холот на хотелот може да бидат само регистрираните гости.
Нова демократија во соопштението за јавноста соопшти дека генералниот секретар на парламентарната група на партијата, Јоанис Бугас, сериозно го прекори својот пратеник.
Во изјава за информатичката страница „Прото тема“, Хрисомалис рече дека бил на состанок со новинар и дека и двајцата имале маски.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер