Свет
Протестите во Јемен станаа смртоносни
Најмалку 28 луѓе се убиени и десетици се ранети откако безбедносните сили на Јемен отворија оган врз демонстрантите на универзитетскиот плоштад во престолнината Санаа, јавува Al Jazeera
Најмалку 28 луѓе се убиени и десетици се ранети откако безбедносните сили на Јемен отворија оган врз демонстрантите на универзитетскиот плоштад во престолнината Санаа, јавува Al JazeeraБезбедносните почнале да пукаат во демонстрантите во обид да ги спречат да излезат надвор од плоштадот каде што биле собрани. Групи на прорежимски насилници исто така почнале да стрелаат врз демонстрантите од куќите во близина на универзитетот. Според болнички извори, повеќето ранети се во критична состојба, а најголем број од убиените биле застрелани во главата или во вратот. Истите извори велат дека преку 200 луѓе биле донесени во болниците со рани од оружје и стравуваат дека конечниот биланс на загинати ќе биде многу поголем. Тие нападот врз демонстрантите го нарекоа „масакр“.На нападот му претходеше масовно собирање на демонстрантите ширум земјата, со исто барање претседателот Али Абдула Салех, кој со земјата владее 31 година, да си замине од власта. Претседателот Салех ги одбива повиците да се повлече од функцијата и вели дека тоа ќе го стори кога ќе му истече мандатот во 2013 година. Јемен, сосед на пребогатата Саудиска Арабија, е една од најсиромашните држави во регионот. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цените на гасот во Европа скокнаа по ескалацијата на Блискиот Исток
Цените на природниот гас во Европа нагло пораснаа по ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, што предизвика страв од нарушување на снабдувањето. Терминските договори за гас скокнаа за дури 36 проценти, на речиси 58 евра за мегават-час, достигнувајќи највисоко ниво од јануари 2023 година, по што се стабилизираа на околу 54 евра.
Овој раст уследи откако цените и претходниот ден се зголемија за речиси 35 проценти, објави „Трејдинг економикс“.
Главниот двигател на растот е информацијата дека катарската државна компанија „КатарЕнерџи“ вчера го прекинала производството на течен природен гас (LNG). Одлуката следела по напад со ирански дронови врз клучните постројки Рас Лафан и Месаид, кои заедно сочинуваат околу една петтина од вкупното светско производство на LNG.
Се проценува дека овој прекин може да загрози околу 15 проценти од европскиот увоз на течен гас, што би ја намалило глобалната понуда и значително би ја засилило конкуренцијата за алтернативни извори на енергија.
Дополнителен притисок создава и потегот на Иран, кој го блокирал сообраќајот низ Ормускиот теснец, со што дополнително се ограничува извозот и од други големи производители од Блискиот Исток.
Овие ризици доаѓаат во неповолен момент за Европската Унија, чии складишта за гас се на ниско ниво. Пополнетоста моментално изнесува 31 процент, што е значително помалку во споредба со 40 проценти во истиот период лани.
Фото: ЕПА
Свет
Зеленски: Војната во Иран може да го отежни снабдувањето на Украина со ракети, Путин ослабен
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека ескалацијата на конфликтот во Иран може да го отежни снабдувањето на Украина со ракети за воздушна одбрана, бидејќи на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници би можеле да им бидат потребни овие резерви на Блискиот Исток.
Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, Зеленски оцени дека нападот врз иранските воени цели бил добра одлука, наведувајќи дека Иран произведува значителни количини оружје за Русија, особено беспилотни летала и ракети.
„Можеме да се соочиме со тешкотии во набавката на ракети и системи за одбрана на нашето небо. Американците и нивните сојузници може да ги задржат за свои потреби“, рече Зеленски, потсетувајќи дека испораките за Украина беа забавени за време на претходните тензии на Блискиот Исток.
Зборувајќи за рускиот претседател Владимир Путин, Зеленски рече дека тој е „ослабен“ и дека ја загубил зимската офанзива против Украина.
„Нападите врз енергетската инфраструктура во текот на зимата не успеаја да нè скршат или да го поделат општеството“, рече претседателот на Украина.
Зеленски повтори дека Украина нема да се согласи на повлекување од Донбас, нагласувајќи дека таков потег би им отворил пат на руските сили кон внатрешноста на земјата. Тој додаде дека Киев останува отворен за преговори, но дека позициите на двете страни се уште се далеку одвоени, особено во однос на територијата и безбедносните гаранции, пренесува Танјуг.
Коментирајќи ја можноста Европа да преземе поголема улога во воената поддршка на Украина, Зеленски рече дека европските земји имаат силна индустриска база, но дека сè уште не се целосно подготвени да ја заменат американската воена помош.
Тој, исто така, го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан, наведувајќи дека Будимпешта нема значителна воена тежина и повтори дека обновувањето на гасоводот „Дружба“ бара прекин на огнот, обвинувајќи ја Русија за претходните напади врз таа инфраструктура.
Зборувајќи за внатрешните прашања, Зеленски рече дека претседателските избори ќе се одржат дури по завршувањето на војната и дека сè уште не одлучил дали повторно ќе се кандидира.
Тој, исто така, истакна дека во Украина се формирани независни институции за борба против корупцијата, кои, како што изјави, имаат негова целосна поддршка.
Свет
Погоден нуклеарeн објект во Иран, ИАЕА потврди оштетувања на влезните згради
Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) потврди дека во неодамнешните напади се оштетени влезните згради на постројката за збогатување гориво Натанц во Иран.
ИАЕА наведува дека на самото нуклеарно постројување не е забележано дополнително влијание и дека не се очекуваат радиолошки последици. Проценката е донесена врз основа на најновите достапни сателитски снимки.
Според претходна проценка на ИАЕА, подземниот дел од постројката бил „тешко оштетен“ во нападите во јуни.
Based on the latest available satellite imagery, IAEA can now confirm some recent damage to entrance buildings of Iran’s underground Natanz Fuel Enrichment Plant (FEP). No radiological consequence expected and no additional impact detected at FEP itself, which was severely… pic.twitter.com/7CS7BRZo1s
— IAEA – International Atomic Energy Agency ⚛️ (@iaeaorg) March 3, 2026
Фото: depositphotos

