Свет
Либиската влада прогласи примирје

Либиската влада повика на неодложен прекин на огнот, со образложение дека постапува во согласност со резолуцијата 1973 на Советот за безбедност на ОН за зона на забранети летови и со желба да ги заштити цивилите во воените зони, јавува BBC
„Либија посветува огромна грижа за заштита на своите цивили“, вели либискиот министер за надворешни работи Муса Куса и додава дека државата исто така ќе ги заштити и сите странски државјани, како и сиот странски имот на територијата на Либија. Како одговор на потегот на либиската влада, министер за надворешни работи на Британија, која заедно со Франција ја предводеше кампањата за меѓународна интервенција во земјата, Даглас Александер изјави дека, ако оваа иницијатива е искрена, а не купување на време од страна на Гадафи за да ги преорганизира трупите, тогаш е уште побитно меѓународната заедница да преземе напори за да почне планирањето на иднината на земјата. „На Либија, сепак, треба да и се суди според сторените дела, не според изречените зборови“, вели Александер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пукање во училиште во САД, има повредени

Најмалку едно малолетно лице е тешко повредено, откако во средно училиште во Арканзас, од оружје пукал еден ученик, пренесуваат американските медиуми.
Инцидентот во средното училиште Вотсон Чепел во Пајн Блаф се случил на првиот ден кога училиштата во окрузите се вратиле на целодневна настава, по повеќемесечните ограничувања поради коронавирусот.
DEVELOPING: A shooting has been reported at Watson Chapel Junior High School in Pine Bluff, Arkansas, the school district says.
All campuses are on lockdown and authorities have responded, according to the school district. https://t.co/UU5dSQYpup
— ABC News (@ABC) March 1, 2021
Според претставници од училишниот округ, сите кампуси се затворени, а полицијата пристигнала на лице место за да ја држи под контрола целата ситуација.
Како што навеле од полицијата, осомничено машко лице, чија возраст засега е непозната, се наоѓа во притвор. Малолетникот, кој е застрелан е жив, но во тешка состојба.
Сите ученици се на безбедно, а пукањето е окарактеризирано како „изолиран инцидент“.
Европа
(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат да ги уверат граѓаните дека вакцината на „Астразенека“ е исто толку безбедна како и другите.
Залихите на вакцини на британско-шведската компанија се неискористени во двете земји, што ја забавува борбата против пандемијата.
Во Франција биле употребени само 273.000 дози од вакцината на „Астразенека“, од 1,7 милиони примени до крајот на февруари, според Министерството за здравство.
Двете земји не ја одобрија вакцината за лица постари од 65 години, предизвикувајќи сомнеж за нејзината ефикасност во однос на ефикасноста на вакцините произведени од „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“.
Францускиот министер за здравство Оливие Веран, кој и самиот е лекар, беше вакциниран со вакцината во живо на телевизија за да ги увери граѓаните во нејзината ефикасност и безбедност.
Во Германија се повикуваат да се олеснат приоритетните списоци за вакцинација за да не пропаднат вакцините на „Астразенека“. До 23 февруари, 1,45 милиони дози на вакцината биле доставени во Германија, а искористени биле само 240.000.
Германската канцеларка Ангела Меркел задутре ќе се сретне со лидерите на 16 региони за да разговара за следните чекори во борбата против пандемијата. Во едно интервју минатата недела, Меркел ја пофали вакцината на „Астразенека“ како „доверлива вакцина“, повикувајќи ги Германците да не бидат пребирливи.
Но, таа нема да биде вакцинирана со таа вакцина, бидејќи има 66 години.
Германската комисија за вакцини – СТИКО, наскоро ќе објави нова препорака за вакцината, откако истражувањето покажа дека е ефикасна за старите лица, рече во петокот претседателот на комисијата, Томас Мертенс.
Свет
ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за човекови права во Обединетите нации.
„Нашиот заклучок е дека Русија е одговорна за обидот да се отруе Навални“, рече на брифингот Ања Каламар, специјалниот известувач на ООН за егзекуции по скратена постапка.
Со оглед на несоодветниот одговор на домашните власти, употребата на забрането хемиско оружје и очигледна шема на насочени обиди за атентат, сметаме дека треба итно да се спроведе меѓународна истрага за да се утврдат фактите и да се разјаснат сите околности поврзани со труењето на Навални, додаде експертот на ООН.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер